Конекцијата ја обезбедија три сателити „Расвет-1“, лансирани во орбитата на 27 јуни 2023 година. Брзината на врската беше 12 mbps, а доцнењето беше 41 ms. Експертите проценуваат дека ова е мало задоцнување со оглед на тоа што сателитот е толку далеку од компјутерот.
Претставниците на „Биро 1440“ објаснија дека компанијата во првата фаза немала за цел да постигне минимално доцнење или висока брзина на конекцијата. Најважно им било сѐ да функционира стабилно.
Да додадеме дека брзината од 12 mbps е доволна за користење на социјални мрежи, пребарувачи, гледање фотографии и видеа со HD квалитет и слушање музика. Засега со „вселенскиот“ интернет не е можно да се играат онлајн-игри или да се гледаат датотеки во 4k резолуција, и при видео-повици доаѓа до „багување“. Сепак, резултатите се одлични за прво пуштање во работа. Проектот на „Биро 1440“ е опишан од корисниците на интернетот како алтернатива на Старлинк.
Компанијата соопшти дека е подготвена за втората фаза на тестирање. Планирано е да се произведат околу 900 сателити „Раствет-1“ кои ќе бидат распоредени во вселената до 2035 година. години. Брзината во тој случај ќе достигне 100 mbps, што е веќе доволно за сите современи онлајн потреби. Компанијата планира со сателитскиот интернет да ја покрие целата територија на Русија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче