Блиски средби од трет вид: Што кажуваа руските космонаути за НЛО?

Вселенски брод покрај вештачкиот сателит на Земјата. Андреј Соколов

Вселенски брод покрај вештачкиот сателит на Земјата. Андреј Соколов

М. Филимонов/Sputnik
Сите што беа во вселената се обидоа да ги најдат одговори на фундаменталните прашања. А едно од нив, секако, беше она за вонземски живот.

„Можно е тоа да беше НЛО. Мистика не е, бидејќи двајца луѓе јасно ја видоа таа појава“, Владимир Коваљонок

Во мај 1981 година Владимир Коваљонок низ прозорецот на вселенската станица „Саљут-6“ видел чуден предмет со големина на прст. „Ме зачуди тоа што леташе во орбитата“, рече тој. Тоа било нешто што имало форма на чамец или диња. Предметот имал полупроѕирен конус на предната страна, сличен на футрола. Космонаутот го повикал својот колега Виктор Савиних, кој исто така го видел тоа, но не стигнале да фотографираат ништо. За тоа време, додека Савиних одел да ја земе камерата, „прстот“ експлодирал и зад себе оставил облаци од чад.

Полетување од астероид (1971). А. Соколов

„Претходно се распадна на два дела, меѓусобно споени како со врпца. Тоа личеше на тег. Веднаш пријавив на Земјата“, се зборовите на космонаутот. Лично Коваљонок тврди дека не може со сигурност да каже дали тоа бил неидентификуван летечки објект. „Но тоа не беше никаква мистика, бидејќи двајца луѓе јасно ја видоа таа појава“, тврди тој.

По враќањето на Земјата, космонаутот дознал „дека тој ден стручњаците на центарот за детектирање радијација регистрираа голема радиоактивна емисија“.

„Некои комети не се ништо друго освен извидувачки бродови од други соларни системи“, Алексеј Леонов

Познатиот советски космонаут, првиот човек кој излезе во отворена вселена, тврдеше дека постоењето на комети барем индиректно го докажува постоењето на вонземски живот.

„Секогаш кога се блиску до Сонцето, кометите трошат значителен дел од нивната материја на формирањето опашка. Излегува, знаејќи ја масата на кометата и масата на опашката, дека е лесно да се пресмета нејзиниот животен век. За тоа време, кометата треба да изгори. Но, кометата, откако ќе исчезне, пркосејќи ѝ на логиката, се појавува на небото, повторно и повторно. Очигледно е дека некаде на вселенскиот пат, сé додека ги нема 100, 200, 300 години, кометите поминуваат низ за нас непознати промени“, заклучува Леонов.

Светот на двојната ѕвезда (1966). Андреј Соколов

Космонаутот се запраша од каде се тие воопшто? Ако кометите се создадени заедно со Сончевиот систем (кој е стар најмалку 4,5 милијарди години), тогаш тие требало да изгорат одамна.

Постојат неколку научни толкувања зошто тоа не се случува, а Леонов предложи уште едно. „Некои комети не се ништо друго освен извиднички бродови од други сончеви системи. И оваа верзија има право на постоење“.

„Немам видено вонземјани, ама верувам дека постојат“, Антон Шкаплеров

Космонаутот Антон Шкаплеров четири пати беше на Меѓународната вселенска станица и три пати излегуваше во отворената вселена. Тој смета дека во таков неограничен простор како што е вселената не можеме да бидеме сами, иако не сме виделе конкретен „доказ“ за тоа.

На гости кај браќата по разум (1966). Андреј Соколов

„Го немаме видено ни Господ Бог, но убедени сме дека нè гледа и нè чува, тоа е сигурно. Вонземјани немам видено, макар што верувам дека во секој случај постојат. Не можеме да бидеме сами во толку безграничен простор како што е вселената“, рече Шкаплеров.

„Не знам за вонземјани, но знам дека сигурно ќе се соочиме со траги од други цивилизации“, Јуриј Гласков

Уште еден од советските пионери во вселената, Јуриј Гласков, рече дека вонземјаните не само што постојат, туку и дека успеале да остават трага во нашиот Сончев систем, а тоа е Плутон.

Мираж на Плутон (1971). А. Соколов

Тој веруваше дека пред 74 милиони години постоела планета помеѓу Марс и Јупитер која потоа била уништена. „За тоа сведочи составот на метеоритите кои паднаа на Земјата“, изјави Гласков. Постои хипотеза дека еволуцијата на оваа планета ги достигнала своите највисоки форми. Меѓутоа, планетата експлодирала, а нејзината цивилизација исчезнала засекогаш во огромните вселенски пространства.

„Може ли да се претпостави дека постојат вонземски цивилизации? Секако дека може!“, Евгениј Хрунов

Вонземјани (1991). Алексеј Антонов

Дублерот на Алексеј Леонов, иако помина само еден ден во вселената, со голем ентузијазам зборуваше за вонземски живот.

„Можеме ли да претпоставиме дека постојат цивилизации надвор од нашата планета? Секако дека може. Сè додека не се докаже ексклузивноста на Земјата, таквата претпоставка треба да биде легитимна. Инаку би морале да поверуваме во некаков натприроден план. Што се однесува до НЛО, тие не можат да се негираат, ги виделе илјадници луѓе. Може да се претпостави дека се предизвикани од оптички ефекти, но некои нивни својства се едноставно фасцинантни. На пример, можноста при голема брзина да се смени курсот за 90 степени “, заклучи космонаутот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња