„Добар ден, граѓани интернетџии!“

„Добрый день, граждане-интернетовцы!“ Така првиот руски претседател Борис Елцин ги поздрави учесниците на првата руска интернет-конференција за новинарите.

Конференцијата се одржа на 12 мај 1998 година и траеше половина час. Од вкупно 4000 прашања Елцин одговори на внимателно избрани 15. Од тоа само три прашања поставија граѓани на Русија и четири граѓани на САД, додека останатите прашања ги поставија корисници на интернетот од Европа.

За време на прес-конференцијата, хакерите се обидоа 20 пати да го пробијат претседателскиот сервер, но без успех. Од избраните прашања само неколку имаа врска со политика, сите останати беа теми поврзани со личноста на Елцин – дали е пушач, од каде му толку атрактивната фризура итн.

На крајот на конференцијата Борис Елцин вети дека ќе продолжи со реформите „за ни случајно да не се вратиме во комунистичката психоза“ а потоа го напушти студиото.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња