Просечниот руски корисник на социјалните мрежи дневно поминува во нив нешто повеќе од 1,5 часа, лете малку помалку, а зиме малку повеќе. Овие податоци ги наведува компанијата Mediascope во своето истражување од март 2023 година.
Аудиториумот на социјалните мрежи расте од година на година, дури и покрај тоа што одделни странски социјални мрежи им оневозможија пристап на граѓаните на Руската Федерација или се самите блокирани на територијата на Русија од 2022 година и сега на нејзината територија се недостапни без VPN сервис. Многу корисници едноставно се префрлија (се вратија) на руските социјални мрежи.
ВК е кратенка од ВКонтакте, што беше оригиналниот назив на тој сервис. Тоа е најпопуларната социјална мрежа во Русија. Основана е од Павел Дуров уште во 2006 година. Инспирација му беше Facebook* кој штотуку се појави тогаш. Мрежата на Дуров во 2014 година ја купи Mail.ru, една од најкрупните руски интернет-компании, и на крај нејзиниот назив беше сменет во VK.
ВК е прва на ранг-листата на социјалните мрежи во Русија, како по застапеност во население, така и по времето што корисниците го поминуваат во неа. Ја користат 44% од жителите на Русија постари од 12 години. Во оваа мрежа тие поминуваат околу 45 минути секојдневно. Овие податоци ги наведува Mediascope. Секој месец ВК го посетуваат 79,5 милиони жители на Русија (ако се сметаат и логирањата надвор од Русија, тогаш тоа е вкупно 101,7 милиони корисници месечно). Според податоците на SimilarWeb, VK е на 25 место на светската ранг-листа на најпопуларни сајтови.
Покрај личните профили кои се посветени на настаните во светот, тука има и многу групи за корисниците со слични интереси, а исто така и медиуми (патем ова е линкот до нашата страница на руски јазик), профили на познати личности, градски здруженија, чатови и сл.
Компанијата ја интегрираше со социјалната мрежа сопствената услуга за стриминг на музика, видео-хостинг, платформа за видео-игри, како и огромен број сервиси и мини-апликации. Еден од нив, на пример, му овозможува на корисникот да се натпреварува со пријателите кој ќе помине повеќе чекори дневно. ВК има дури и сопствена платформа за купување и продажба на дигитални токени NFT.
Една од новите карактеристики на ВК се кратките вертикални клипови, како во TikTok, кои дневно бележат стотици милиони прегледи.
Инаку, ВК можете да ја користите на 86 јазици.
Telegram е исто така сервис на Павел Дуров. Тоа е популарен месинџер во кој можете да разменувате пораки лично и во групи.
Она по што „Телеграм“ се издвојува меѓу другите месинџери е присуството на стотици илјади канали на најразлични теми, од лични блогови до медиуми со вести (нé следите ли на каналот t.me/rb_makedonija?). Пораките со текст, фотографии и видеа на каналите се прикажуваат хронолошки, алгоритмите за препораки се целосно отсутни, што привлекува многу корисници кои сакаат самите да го контролираат сопствениот избор на медиуми. Карактеристика на „Телеграм“ се видео-пораките во тркалезна рамка, т.е. „кругови“. Дуров неодамна објави дека во „Телеграм“ ќе се појави „сторис“ со флексибилно подесување на приватноста.
Бројот на корисници на „Телеграм“ постојано расте и во моментов му се приближува на ВК во однос на застапеноста во Русија. Го користат 41% од граѓаните на Русија. Во овој сервис Русите трошат во просек 39 минути дневно. „Телеграм“ е најпопуларниот меѓу руската младина на возраст до 24 години, и меѓу луѓето кои работат во сферата на информациските технологии и интернетот.
Патем, „Телеграм“ спаѓа меѓу петте најпопуларни месинџери во светот.
Ова прва социјална мрежа во Русија е создадена во 2006 година, шест месеци пред Вконтакте. Попопуларна е кај постарата генерација. Според податоците на Mediascope, околу 18% од Русите доаѓаат во мрежата ОК и поминуваат во неа 32 минути дневно (ние и таму имаме своја група на руски јазик, па дури и свои стикери).
Месечниот аудиториум на „Однокласники“ опфаќа преку 40 милиони луѓе, а патем, оваа мрежа е популарна и во земјите на Заедницата на независни држави (ЗНД). Она што е карактеристично за ОК се брендираните налепници, виртуелните подароци и игрите.
„Однокласники“ припаѓаат на холдингот VK.
Додека другите социјални мрежи се потпираат на кратки клипови и пораки, во „Зен“ поголемиот дел од содржината го сочинуваат подолги авторски текстови.
За волја на вистината, може да се објавуваат и видеоснимки и мали постови со фотографии. Секој автор може да вклучи монетизација и да генерира приходи од рекламирање, доколку неговата содржина е популарна меѓу читателите.
„Зен“ има многу лични блогови водени од љубители на патувања, финансиски експерти, писатели, психолози, гатачки на тарот карти, стилисти... Се разбира, тука се и официјалните страници на медиумите (ние и тукаобјавуваме интересни написи на руски јазик).
Според податоците на „Зен“, неговата публика на крајот на 2022 година достигна 70 милиони луѓе месечно, а бројот на активни автори е 100 илјади неделно. Повеќето од нив се луѓе над 25 години.
„Зен“ првично беше проект на ИТ-гигантот „Јандекс“, но есента 2022 година беше купен од VK.
Патем, според податоците на SimilarWeb, сајтот dzen.ru е на 23 место по популарност во светот.
Рускиот еквивалент на каналот YouTube се вика RUTUBE. Основан е уште во 2006 година. И покрај тоа што YouTube е достапен во Русија без ограничувања и ужива голема популарност, RUTUBE во моментов доживува препород. Можеби тоа е затоа што YouTube во 2022 година ја исклучи можноста за монетизација за корисниците од Русија.
Во текот на изминатата година, бројот на корисници на RUTUBE порасна за 36% и изнесуваше 23 милиони луѓе (податоци што ги наведува ТАСС). RUTUBE се фокусира на луѓе на возраст од 25 до 34 години. Има околу 300.000 видеоканали, а неговите автори вклучуваат многу популарни руски блогери и новинари.
Социјалната мрежа Yappy се појави дури кон крајот на 2021 година. година и до крајот на 2022 година нејзината публика надмина 10 милиони корисници месечно (податоци што ги наведува ТАСС).Ова е еквивалент на TikTok, т.е. тоа е социјална мрежа со вграден уредувач на видеозаписи. Yappy е во сопственост на компанијата „Газпром-медиа“.
Јапи е посебен по тоа што авторите можат да снимаат и уредуваат заедничка содржина во виртуелна соба (која може да прими пет лица). Видеоснимките се ограничени на 1 минута.
Ова е деловна социјална мрежа инспирирана од мрежата LinkedIn. Според податоците од јули 2023 година, на неа се регистрирани се 2,5 милиони луѓе. Тие го користат TenСhat за барање работа, тендери, соработници, проверка на конкуренцијата и организирање аукции. Сите изведувачи и нарачатели имаат рејтинг што вештачката интелигенција го пресметува врз основа на нивната репутација и финансиските показатели.
Популарните странски социјални мрежи TikTok, Instagram* и Facebook* и понатаму им се достапни на Русите преку VPN сервисите. Според податоците на компанијата за следење на медиумите Mediascope, TikTok дневно го посетуваат 27% Руси и таму поминуваат 65 минути. А на Instagram* и Facebook* кои се забранети, дневно влегуваат само 6% од населението на Русија 17 минути и 2% 6 минути.
* Мета производ (организација прогласена за екстремистичка, забранета на територијата на Русија)
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче