Руската социјална мрежа „Вконтакте“ (Во контакт) стана единствен европски интернет сервис кој што се вбројува во 10 најголеми социјални мрежи во светот. Се наоѓа на 8-то место, со 228 милиони регистрирани корисници. „Вконтакте“ има поголем број на корисници од популарните мрежи како што се Инстаграм, Пинтерест и Форсквер.
На прво место по рејтинг е Фејсбук, со околу 1,4 милијарди регистрирани профили. На второ место е Јутјуб со 1 милијарда корисници, а потоа се кинеските Кјузоне и Веибо со 623, односно 503 милиони корисници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче