- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
Директорот на Научно-техничкиот центар за информациски технологии „РОСА“ Олег Карпицки откри детали за новиот производ. Се наведува дека рускиот „убиец на ајфонот“ ќе чини најмногу 40 илјади рубли (околу 400 евра), а ќе функционира на база на руски оперативен систем.
Познато е дека сите досегашни обиди да се создаде алтернатива на „Епл“ или популарни модели со „Андроид“ пропаднаа. Но, сега гигантите на информациските технологии се соочуваат со вистински предизвик. Сведоци сме на создавањето руски оперативен систем. Станува збор за нов оперативен систем Rosa Mobile, создаден врз основа на оперативниот систем за компјутери Linux. Авторите не кријат дека инспирацијата ја нашле во постоечките модели.
„Сакавме во нашиот систем да ги обединиме најдобрите искуства на корисниците на Android и iOS за корисниците да не мора да ги менуваат своите навики на користење“, вели Карпицки. Дури и некои апликации за Android ќе можат да се користат на новиот уред. Од друга страна, драјверите за вај-фај и камерите се целосно изменети. Исто така, при креирањето на Rosa Mobile, не се користеа компоненти на Android за „да корисниците бидат безбедни од можни исклучувања или скриени функции од страна на Google“.
Засега сме сведоци само на настанокот на рускиот оперативен систем. Во него нема да функционираат дури ни сите апликации, туку само оние на кои им е доволно приклучување на интернет. Тоа се банки, онлајн-продавници, државни услуги. Ако апликацијата бара и геолокација, тогаш таа нема да функционира, што значи дека на оперативниот систем ќе му биде потребна доработка.
Се разбира, апликациите на телефонот во прв ред ќе ги истакнуваат руските проекти. Ќе има сопствена продавница RosaStore, а ќе биде достапна и RuStore.
Според Карпицки, компанијата веќе се договорила за производство на првата серија паметни телефони во Зеленоград.