- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа
„Истражувачите научија да го препознаваат човечкиот говор од усни користејќи алгоритми за вештачка интелигенција и компјутерски вид“, соопшти прес-службата на Центарот.
Според експертите, програмата ќе може да се користи при силни вибрации или бучава. Тоа, меѓу другото, ќе ја олесни работата на прометни места, како и на пилотите и возачите на тешки товарни возила, пренесуваат руските медиуми, повикувајќи се на Министерството за образование и наука на РФ.
Антон Белицки / Global Look Press
Во развојот на апликацијата руските експерти го користеа методот на двојно собирање податоци по аналогија со човечката перцепција. Апликацијата ги собира и звучниот сегмент на говорот и движењата на усните.
Како што истакнуваат истражувачите, креираната невронска мрежа ќе може автоматски да одлучува кои податоци при препознавањето даваат максимална точност.
Во текот на тестирањето на апликацијата спроведено меѓу возачите на бучни тешки возила на една од логистичките компании во Русија, точноста на препознавање достигна повеќе од 90%.
Апликацијата може да се инсталира на кој било паметен телефон со камера. Инаку, ова е првата вештачка интелигенција од ваков тип што го разбира рускиот јазик. Сепак, сè уште не е познато кога апликацијата ќе биде достапна за бесплатно користење.