Зошто Советите ѝ подигаа споменици на оваа „летечка лаѓа“? (ФОТОГРАФИИ)

Споменикот на првите авијатичари на Северната флота - хидроавионот БЕ-6 ПЛО, беше откриен по реконструкцијата на островот Болшој Грјазни во заливот Кола во Мурманската област.

Споменикот на првите авијатичари на Северната флота - хидроавионот БЕ-6 ПЛО, беше откриен по реконструкцијата на островот Болшој Грјазни во заливот Кола во Мурманската област.

Павел Лавов/Sputnik
Повеќенаменскиот авион Бе-6 служеше за набљудување на теренот, спасувачки операции и лов на американски и британски подморници. Згора на тоа, учествуваше и во нуклеарни проби.

1. Хидроавионот со силна конструкција со „галебови“ крила се чувствуваше како дома и на суровиот Арктик, и во помирните води на Црното море. Затоа не е ни чудо што во советско време споменици на авионот Бе-6 беа подигани како на Крим, така и во околината на Мурманск.

Споменик, хидроавион Бе-6 ПЛО.

2. Овој „летечка лаѓа“ се појави во 1949 година, набргу по завршувањето на Втората светска војна. Направена е да извршува цела низа разновидни задачи - за поморско извидување, патролирање, бомбардирање, поставување мини, транспорт на муниција, истоварување на десант и учество во спасувачки мисии.

Бе-6, повеќенаменскиот летечки брод развиен од Централното конструкторско биро за поморски авиони (ЦКБ МС).

3. Ова универзално орудие беше во арсеналот на советската Воена морнарица повеќе од 20 години. За тоа време полетаа вкупно 123 авиони Бе-6.

4. Летечката лаѓа со полно право учествуваше и во Студената војна. Авионот Бе-6 вршеше набљудувачки мисии во Јапонското море, каде што го демнеа американски ловци со цел да го стигнат и пресретнат. Во НАТО овој советски авион го доби кодното име „Madge“.

1972, Советски Савез. Бе-6 изведува пробен лет.

5. Во текот на 1950-тите, во архипелагот Нова Земја во Северниот леден океан се реализираа нуклеарни проби во кои Бе-6 вршеше воздушно набљудување за откривање на странски воени бродови во близина на тоа подрачје. Други екипажи имаа задача да го проучуваат опаѓањето на радијацијата со прелетување низ радиоактивниот облак во одредени интервали. Авионот не беше посебно подготвуван за ваков тип мисија, во него беше само уфрлена опрема за мерење на радиоактивност.

Јуришен авион на американската воена морнарица Douglas A-4B Skyhawk пресретнува авион на советската морнарица Бе-6 северно од Јапонија 1964.

6. Во доцните 1950-ти, Бе-6 беше заменет со авионот на млазен погон Ил-28Р, кој беше посоодветен за поморско набљудување во поголем радиус, а „летачката лаѓа“ главно се користеше во спасувачки операции (Бе-6СС) и како противподморнички авион (Бе-6ПЛО). Од тој модел почна да се развива противподморничката авијација како посебен вид трупи во рамките на Воената морнарица на СССР, а основите на тактичката примена на таквите трупи беа разработени токму со овој авион.

Модел на авион Бе-6.

7. Бе-6 во Советскиот Сојуз отиде во заслужена пензија на крајот на 1960-тите. Но, Москва на времето ѝ даде на Кина 20 вакви авиони и тие сè уште беа во служба таму во 1998 година.

Бе-6, Донузлав, Евпаторија, 7 август 2006.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња