- Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
- Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!
- Пријавете се на нашата неделна мејлинг листа

Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Ниженовгородскиот саем беше еден од најважните трговски јазли во Руската империја. Тука доаѓаа трговци од целата земја и огромни каравани од Европа и Азија. Сето тоа изгледаше како посебен град во град. Изложбениот простор беше голем и се наоѓаше на устието на Ока во Волга.

Максим Дмитриев
Кон крајот на 1890-тите, популарноста на саемот почна благо да опаѓа и затоа со декрет од самиот државен врв беше наложено да се организира крупна манифестација која би привлекла нови инвестиции. Така, Ниженовгородското сајмиште 1896 година беше организирана 16-та Серуска индустриска и уметничка изложба.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Според размерот тоа беше најголемата изложба во историјата на Руската империја. Беше лично финансирана од императорот Николај II, кој две години порано стапи на тронот.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Изложбата траеше од крајот на мај до октомври 1896 година. На површина од 84 хектари беа направени преку сто згради и павилјони, меѓу другото рударско, военопоморско, мануфактурно одделение, павилјон за градинарство, овоштарство и цвеќарство, уметничко одделение, павилјон за домашно занаетчиство, алкохолни пијалоци... Тоа е само почеток на списокот.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Генералниот архитектонски план на изложбата го осмисли Александар Померанцев. Тој проектираше и неколку зданија, меѓу другите, Императорскиот павилјон во вид на резбан дрвен трем.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Специјално за изложбата на територијата на саемот беше пуштен во промет и трамвај и тоа беше еден од првите трамваи во целата империја.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Едно од главните откритија на изложбата беа челичните мрежести конструкции на инженерот Владимир Шухов, кои за прв пат беа прикажани на јавноста, како и „Шуховската кула“, првата хиперболоидна градба во светот.
Андреј Карелин
Покрај тоа, Шухов, исто така прв во светот, претстави и челични мрежести сводови, т.е. Шуховска ротонда. Таа беше направена како посебен павилјон.
Андреј Карелин
Сопствени павилјони имаа и многу приватни компании, како што е познатата компанија на браќата Елисееви, која поседуваше парабродови. Тие учествуваа во основањето на првата акционерска комерцијална банка во Русија, а подоцна отворија луксузни брендирани продавници во Москва и Санкт Петербург (последнава сè уште работи).
Максим Дмитриев/Архив на аудио-визуелна документација на Нижегородската област/russiainphoto.ru
И здружението на нафташи на браќата Нобел имаше свој павилјон, сличен на канскиот дворец во Баку. Да, тоа се токму оние Нобели кои имаа успешен бизнис во Баку (тогаш тоа беше дел од Руската империја, а денес е Азербејџан) и магацини во многу градови по должината на Волга.
Archive photo
На саемот имаше и посебно Средноазиско одделение, во спомен на фактот дека Ниженовгородскиот саем отсекогаш беше најважниот трговски јазол за земјите од Истокот. На сајмиштето беа спроведени струја и вода, а беше изградена е и фонтана.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Во машинскиот павилјон беа изложени неверојатни технички иновации.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Највпечатливиот настан на изложбата беше претставувањето на првиот руски сериски автомобил кој заеднички го направија фабриката „Јаковлев“ и фабриката „Фрезе“.
Максим Дмитриев
Се разбира, изложбата ја посети императорот со семејството. Тие три дена ги разгледуваа павилјоните. За нив беа организирани разни забави, на пример, пуштање балон.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Генерално, изложбата имаше многу опширна културно-забавна програма. Свиреше музика, работеа театар и циркус.
Максим Дмитриев/Архив на аудио-визуелна документација на Нижегородската област/russiainphoto.ru
Специјално за изложбата беше поставена операта на Михаил Глинка „Живот за царот“, во која пееше познатиот Фјодор Шалјапин.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Улогата на „продуцент“ на уметничкиот павилјон ја презеде Сава Мамонтов, крупен претприемач, љубител и покровител на уметноста. Тој покани многу сликари на изложбата. Михаил Врубељ специјално за изложбата го наслика огромното пано „Принцезата на соништата“ (што предизвика скандал во јавноста).
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Според најскромните пресметки, изложбата ја посетиле околу еден милион луѓе, а за да се видат сите павилјони било потребно најмалку една недела.
Максим Дмитриев/МАММ/МДФ/russiainphoto.ru
Печатницата „Шерер, Набгољц и Ко“ по изложбата издаде цел албум со фотографии на Максим Дмитриев.