Советскиот „летечки коњ“: Хеликоптерот Јак-24

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Кон крајот на 1951 година започна работата над тешкиот транспортен хеликоптер Јак-24, иако конструкторското биро немаше големо искуство во создавањето хеликоптери.

Неговото производство започна во април 1955 година. Беа направени најмалку 100 такви хеликоптери (во НАТО го добија називот Horse) со тричлен екипаж. Хеликоптерот можеше да носи 30 војници со полна опрема или 3000 кг товар кој беше натоварен преку рампата за товарење-растоварање на задниот дел од трупот.

Проектот Јак-24УБ е значително подобрена варијанта. Првпат полета во декември 1957 година, а беше пуштен во производство 1959 година. Беа направени околу 50 од овие летала. Подобрената варијанта, како што е објаснето на специјализираната веб-страница Aviastar.org, можеше да носи 40 војници со полна опрема или 3500 килограми товар.

Цивилната варијанта на хеликоптерот Јак-24А беше направена во 1960 година. Таа можеше да прими 30 патници, а Јак-24 за ВИП клиенти беше транспортен хеликоптер со скратен труп кој примаше 9 патници. Го користеше компанијата „Аерофлот“.

Понатамошниот развој на хеликоптерот Јак-24 беше запрен бидејќи се сметаше дека не е целисходен, бидејќи во арсеналот се појавија тешките транспортни хеликоптери Ми-6, а поуниверзалните повеќенаменски и десантно-транспортни хеликоптери Ми-4 беа мошне користени во вооружените сили и цивилната авијација.

Пример на хеликоптер Јак-24 може да се види во Музејот на Военото воздухопловство во Монино (близу Москва).