Најголемата руска банка „Сбербанк“ планира изградба на „Сбер Сити“, огромен нов мултифункционален комплекс во регионот Рубљово-Архангелское на западот на Москва.
Тоа ќе биде ултракомфорно место за живот и работа опремено со најнови паметни технологии. Истовремено, приоритет на компанијата ќе биде екологијата. Имено, во околината ќе бидат уредени 15 хектари зелени површини и паркови со голем број езерца.
Дури и деловните згради во „Сбер Сити“ се дизајнирани со многу зеленило и, според неодамна објавените нацрти, ќе има дрвја на различни делови од фасадата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче