Москва добива седум современи мостови (ИЛУСТРАЦИИ)

Одбор за архитектура и урбанизам на град Москва
Канцеларијата за архитектура објави тендери за изградба на мостови кои можат да станат нови симболи на главниот град на Русија.
  • Ве очекуваме на Телеграм-каналот https://t.me/rb_makedonija
  • Сите наши најнови и најактуелни текстови пристигнуваат директно на вашиот паметен телефон! Ако „Фејсбук“ одбива да ги споделува нашите објави, со „Телеграм“ сме секогаш со вас!
  • Вклучете го во пребарувачот „Show notifications“ (дозволи известувања) за нашиот сајт!

Московските власти планираат да изградат седум нови мостови во различни делови на градот. Некои ќе бидат пешачки, други ќе ги поврзат новите станбени квартови со сообраќајните јазли и станиците на метрото, додека трети ќе ги растоварат постојните сообраќајници и ќе го намалат метежот. Секој од овие проекти е уникатен и по многу нешта специфичен. Еден мост има дури и едро!

Погледнете ги идните мостови проектирани од Градскиот одбор за архитектура и урбанизам на руската престолнина.

1. Во сувиот центар на Москва ќе биде изграден пешачки мост преку Водоодводниот канал кој ги поврзува островот Балчуг и Јакиманскиот кеј. Тоа ќе биде важен дел од туристичката рута и ќе го олесни пристапот до новиот културен центар „ГЕС-2“ и другите објекти на островот. Мостот ќе биде специфичен по металната греда која ќе ја дели пешачката патека од велосипедската и истовремено ќе служи и како клупа.

2. На подрачјето на Фиљовскиот парк ќе се појави нов автомобилски мост кој ќе ги спокува улицата „Мјасишчева“ и метро-станицата „Мневники“.

3. Мост со „едро“ ќе се гради преку реката Москва на западот на главниот град и ќе биде долг 250 метри. Ќе ја поврзува улицата „Новозаводска“ со парковите Фили и Терехово. Конструкцијата на мостот потсетува на галија. Ќе има само еден столб и релативно мала висина за ваков распон. Рамката што го држи коловозот ќе биде прва од таков вид во светот.

4. На западот на Москва ќе се гради уште еден мост кој ќе ги спои улицата „Островна“ во населбите Крилатское и Мневники. Тоа место е оддалечено десет минути пеш од новата метро станица „Терехово“. Грациозните лакови на мостот потсетуваат на своевидна „порта“.

5. Пешачко-велосипедскиот мост во паркот Фили наликува на конец провлечен низ иглени уши. Наизглед кревката конструкција ќе биде завршниот објект на пешачката патека што ги поврзува парковите Мневники и Фили. Ова место е оддалечено 700 метри од метро станицата „Терехово“.

6. Автомобилски мост со шест ленти ќе ги поврзува пристапните патишта до „Береговаја“ и „Причални“, како и станбените области што се градат од двете страни на реката Москва. Мостот ќе има и пешачка и велосипедска патека и ќе обезбеди подобар пристап до новиот отмен кеј.

7. Еден мост ќе ги поврзува населбите Нагатински Затон и Печатники на југот на Москва до метро станицата „Нагатински Затон“, која е во изградба. По должината на структурата во вид на полумесечина долга 240 метри ќе има остри челични јарболи. Од далечина тие изгледаат како ледени врвови кои се издигнуваат од водата.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња