Русија го штити Црното море од секој непријател

Ракетен систем „Бастион“ на борбена позиција недалеку од брегот на Црното море.

Ракетен систем „Бастион“ на борбена позиција недалеку од брегот на Црното море.

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Воениот стручњак Јуриј Кнутов објасни како системите „Бастион“ и „Бал“ го обезбедуваат Црното море.

Рускиот крајбрежен ракетен систем „Бастион“ е ефикасен против повеќето постоечки бродови. Тој ги обезбедува водите на Црното море од секој непријател. Ова во емисија на радио Sputnik го раскажа воениот експерт Јуриј Кнутов, директор на Музејот на трупите на противвоздухопловната одбрана.

Тој истакна дека во Русија е создаден систем на „зони на забранет пристап“ кој ги опфаќа крајбрежните ракетни системи „Бал“ и „Бастион“, како и оперативно-тактичките ракетни системи „Искандер“ и противвоздушните ракетни системи „С-400 Триумф“. Сето тоа не му дозволува на непријателот да формира офанзивна групација во близина на руските граници.

Комбинацијата на системите „Бастион“ и „Бал“ ги уништува непријателските бродови на самиот влез во Црното море. Непријателот добро знае дека системот „Бастион“ обезбедува стопроцентно онеспособување на практично сите постоечки бродови. За носачите на авиони се потребни неколку ракети. Присуството на копнени лансери обезбедува заштита на Црното Море од секој непријател“, рече Кнутов.

Претходно, од одделението за информативно опслужување на Црноморската флота беше соопштено  дека на Крим се изведува воена вежба со примена на крајбрежни ракетни системи „Бастион“. Во маневрите екипажите на овие системи ги подготвија „Бастионите“ за вежбовно ракетно гаѓање и вежбаа камуфлажа на нови почетни позиции.

Во октомври извор од руската воена индустрија соопшти дека е направена нова ракета за крајбрежниот систем „Бал“. Ракетата на  тестирањето надминала дострел од 500 километри.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња