МО на РФ: Кој било непријател без никаква шанса пред групацијата на ВС на РФ на Крим

Оксана Сазонова
Системите на високопрецизно оружје распоредени на полуостровот Крим имаат важна улога во осигурувањето на безбедноста на целата земја, истакна заменик-министерот за одбрана на РФ РФ Андреј Картаполов.

Единствената интервидовска групација на трупи на Крим со современи високотехнолошки системи на оружје со сигурност ги покрива полуостровот и јужните граници на нашата земја. Ова го изјави заменик-министерот за одбрана на РФ Андреј Картаполов на тркалезната маса во Советот на федерацијата, посветена на припојувањето на Крим кон Русија.

Групацијата на руската војска на Кримскиот полуостров не дава никаква шанса на ниту еден потенцијален непријател кој би посегнал по територијалниот интегритет на нашата земја, нагласи заменик-шефот на воениот ресор.

Како што нагласи тој, во состав на групацијата, покрај големата воено-поморска база, влегоа и новоформираниот армиски корпус и две дивизии, едната за противвоздухопловна одбрана, а другата воздухопловна.

Според Картаполов, од корен е обновена Црноморската флота и се добиени шест дизел-електрични подморници со ракети „Калибар“.

Подморниците успешно изведоа неколку лансирања во близина на брегот на Сирија, уништувајќи инфраструктурни објекти на терористите, нагласи тој.

Тој исто така рече дека на Црноморската флота ѝ се испорачани три дивизиони крајбрежни ракетни системи „Бал“ и „Бастион“. Минатата година флотата доби шест нови патролни бродови, партија мали ракетни бродови од проектот „Каракурт“, три нови корвети кои можат да извршуваат задачи во далечната морска зона, како и помошни бродови.

Ракетите „Калибар“ се создадени врз основа на два проекта. Стратешките нуклеарни ракети 3М10 со борбен радиус од 2500 километри се развиени во периодот од 1975 до 1984 година во СМКБ „Новатор“ и конкурсот за противбродски ракети „Алфа“ (ОКР „Бирјуза“). Тие беа користени за време на операцијата во Сирија, кога беа уништени терористички објекти.

Системот „Бал“ е мобилен систем заснован на шасијата МЗКТ-7930 кој вклучува два самоодни командни пунктови и четири уреди за лансирање со по осум крстосувачки ракети Х-35/Х-35У.

Системот е создаден за контрола на територијалните води, заштита на воено-поморските бази и другите крајбрежни објекти, како и уништување на поморски десант.

БРК К-300 „Бастион“ е крајбрежен ракетен систем со противбродска ракета „Оникс“ (за ВС на Русија) односно „Јахонт“ (за извоз). Создаден е за уништување на површински бродови од разни класи и видови од составот на десантни единици, конвои, бродови и групи носачи на авиони, како и индивидуални бродови и површински радиоконтрастни цели во услови на активно огнено и радиоелектронско противдејство.

 

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња