Кој има повеќе нуклеарни боеви глави - Русија или САД? (ИНФОГРАФИКА)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На ова прашање одговори авторот на интересниот дијаграм кој го спореди нуклеарниот потенцијал на двете нуклеарни суперсили, но и ги наведе останатите држави кои го имаат во свој посед ова застрашувачко оружје.

На интернет-ресурсите може да се види дијаграм кој го прикажува моменталниот број на оперативни нуклеарни боеви глави во светот. Сувереното прво место го држат руските стратешки сили кои во својот арсенал имаат 6257 нуклеарни боеви глави. На второ место се наоѓаат стратешките сили на Војската на САД кои во својот посед имаат 5500 боеви глави, или 757 помалку во однос на руската армија. Третото место го држи НР Кина која има респекатибилен нуклеарен потенцијал со 350 боеви глави.......