Објавена снимка од гаѓање од советскиот повеќецевен ракетен лансер „Дамба“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Снимката од гаѓањето од советскиот повеќецевен ракетен лансер „Дамба“ ја објави каналот „Ѕвезда“. Гаѓањата се одржани во рамките на противдиверзантските вежби на морскиот полигон на подрачјето на ‘ртот Скалисти.

Системот ДП-62 „Дамбаˮ е креиран врз основа на повеќецевниот ракетен лансер 9К51 „Градˮ. Примен е во состав на вооружувањето на диверзантските сили во 1980 година. Наменет е за гаѓање на диверзантските сили на непријателот на крајбрежната линија кај влезот во базите и пристаништата на бродовите. Во состојба е да погоди како супермали подморници, така и подводни диверзанти. Со специјална муниција може да уништи цел на растојание до 3 километри и длабочина до 50 метри.