Русија ја крева на небо новата верзија на својот најмоќен стратешки бомбардер Ту-160М2

Првиот лет на новиот Ту-160М2.

Првиот лет на новиот Ту-160М2.

PJSC UAC/Global Look Press
Авионот ќе носи 40 тони ракети и ќе служи како оружје за нуклеарно одвраќање.

Најмоќниот руски стратешки бомбардер Ту-160М2 за прв пат полета кон средината на јануари по долготрајната модернизација.

Првиот лет на новиот Ту-160М2.

Најголемиот авион што го има Русија помина во воздух околу 30 минути на висина од 600 метри. Екипажот ги провери стабилноста и уредите за управување и истовремено изврши неколку маневри.

Овој авион е првиот од 10 ракетоносни бомбардери Ту-160М2 што руската армија ќе ги добие до 2027 година. Тие ги заменат застарените претходници од советската ера и ќе бидат неодвоив дел од „нуклеарната тријада“, заедно со нуклеарните подморници и интерконтиненталните балистички ракети.

Историјат на „Белиот лебед“

Ту-160

Рускиот стратешки бомбардер Ту-160М2 (наречен „Бел лебед“ поради својот изглед) всушност е реинкарнација на најмоќниот советски бомбардер Ту-160.

Тој авион на времето беше користен како оружје за одвраќање и дел од „нуклеарната тријада“. Можеше да носи 40 тони нуклеарни ракети и да ги лансира на непријателска територија кога е оддалечен илјадници километри од неа.

Но, времето си ги прави своето, така и на советскиот Ту-160 во текот на 2020-тите му заврши работниот век. По 40 години служба во армијата, овие стари „птици“ мора да им отстапат место на новата „генерација“.

„Првично Русија планираше до истекот на работниот век на старите бомбардери да ги направи и воведе во експлоатација стратешките бомбардери од новата генерација ПАК ДА, но работата над тој проект се одолжи, па наместо тоа беше одлучено коренито да се модифицира советскиот стратешки бомбардер“, вели Александар Храмчихин, поранешен заменик-директор на Институтот за политичка и воена анализи.

Тој смета дека немало и нема потреба итно да се создаде нов авион наместо старите Ту-160.

„Тоа е оружје за одвраќање. Претходните авиони првпат од своето создавање беа употребени во сириската војна. Тие беа префрлени од Русија во Сирија за да исфрлат ненаведувани бомби врз позициите на терористите. Пред тоа се користеа само за патролирање над нашата територија“, потсетува експертот.

Како препородената „птица“ ќе се бори против модерното оружје?

„Туполев“ Ту-160 во лет.

„Русија комплетно ја промени внатрешноста на стариот Ту-160. Само конструкцијата остана иста. „Новиот авион доби нови навигациски системи, нови ради-оуреди и нови мотори и може да користи нови типови стратешки ракети и бомби, вклучително и хиперсонични“, објаснува Игор Коротченко, главен уредник на списанието „Арсенал Отечества“.

Од друга страна, отсуството на какви било промени во конструкцијата наиде на остра критика во рускиот печат. Некои изданија тврдеа дека овој авион не може да ги избегне единиците за ПВО на потенцијалниот непријател и дека не лета побрзо од звукот.

Коротченко вели дека сето тоа е точно, но дека тие недостатоци нема да имаат никакво значење во потенцијален конфликт, бидејќи секој Ту-160М2 може да ракетира непријателски цели без да го напушти воздушниот простор на Русија. Со самото тоа неговата „видливост“ на радарите на непријателската ПВО нема да го загрози авионот, бидејќи тој ќе биде заштитен на територијата на Русија.

„Најголемата предност на Ту-160М2 е во неговата способност да истрела ракети кога е оддалечен илјадници километри од дострелот на противвоздушните системи. Авионот е веќе вооружен со крстосувачки ракети Х-101 и Х-102 кои имаат дострел од 5000 километри. Во наредните години Ту-160М2 ќе добие нови хиперсонични ракети кои радарите на современата ПВО не можат ниту да ги видат, ниту да ги проследат“, нагласува Коротченко.

Првиот лет на новиот Ту-160М2.

Тој укажува на фактот дека Ту-160М2 е оружје што се користи во најсложени околности и кое ја ракетира непријателската територија без да го напушти рускиот воздушен простор. Така, авионот е заштитен од сите видови противвоздухопловна одбрана.

Експертот смета дека новиот авион ќе биде во арсеналот на руската армија најмалку 20 години, додека не го заменат стратешките бомбардери на новото време ПАК ДА.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња