Снимателите на ТВ-каналот „Ѕвезда“ извршија експеримент во кој е покажана проодноста на борбеното возило БМП-3 по растресит снег. На трактористот му требаа повеќе од еден час да го затрупа возилото со снег. Искористен е целиот снег од полјаната за целосно да се затрупа БМП-3. А кога доволно се излади, без проблем запали и излезе од купот снег. Тоа, меѓутоа, не е ништо во споредба со редовното тестирање на издржливоста на возилото во фабрички услови, каде тоа издржува и температури од -50 степени Целзиусови.