Во Русија завршени работите над роботот „Маркер“

Иван Сураев/Sputnik
Во Русија е успешно завршена работата на проектот за роботизирана платформа „Маркер“ која служи за обезбедување на космодроми и други важни објекти.

Работите на проектот за роботизирана платформа „Маркер“ се успешно завршени, изјави во интервју за РИА „Новости“ Евгениј Дудоров, извршен директор на научно-производственото здружение „Андроидна техника“.

„Маркер“ го направи компанијата „Андроидна техника“ заедно со Фондот за перспективни истражувања. Роботичкиот систем тежок околу три тони може да биде опремен со различно оружје.

„Ги завршивме работите над „Маркер“, а конечната одбрана на овој проект беше извршена во Фондот за перспективни истражувања. Во рамките на проектот развивме цела низа технологии, а најважна меѓу нив е технологијата на автономно групно интерактивно дејство на копнени роботички уреди“, рече Дудоров.

Робот „Маркер“ на територијата на космодромот „Восточни“ во Амурската област, 14.10.2021.

Претходно „Маркер“ беше тестиран на космодромот „Восточни“ како робот-чувар. Како што истакна првиот човек на „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин, овие системи можат да се применуваат во структурите кои ја обезбедуваат безбедноста на космодромите, претпријатијата и другите објекти од државно значење.

Од сите слични проекти во Русија, овој робот има најдобри можности за автономно движење со препознавање на објекти врз основа на технологии за вештачка интелигенција. Автономијата на платформата е постигната благодарение на модуларниот мултиспектрален систем за технички вид во кој податоците се обработуваат со помош на алгоритми на невронски мрежи.

За нешто повеќе од три години, создадени се клучни технологии, како и две гасенични и две на тркала автономни платформи опремени со унифициран модул за полезен товар и модул за касетно лансирање на беспилотни летала.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња