Ракетно лансирање за Гинис: погледнете масовна примена на ракети „воздух-воздух“ (ВИДЕО)

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
На интернет се појави видео на кое се гледа истовремено лансирање на осум ракети од класата „воздух-воздух“ при вежба со боево гаѓање во кое учествуваа руски авиони-ловци. Главната мета беше имитаторот М-6 кого ракетите го разнесоа во парампарче.

Гинисовите претставници кои ги бележат рекордите не беа повикани да го снимат овој настан, но се чини дека би можел да влезе во книгата како најмасовно истовремено лансирање на наведувани ракети „воздух-воздух“, коментира сајтот Fighterbomber кој го објави овој видеоматеријал.

„Мета-имитаторот М-6 е едноставно разнесен во парампарче“, се наведува во коментарот што го пренесува веб-порталот РГ. Покрај ракети, авионите дејствуваа и со воздухопловните топови кои исто така можат да се применат против воздушни цели кои се наоѓаат на екстремно мали далечини.

Мета-имитаторот М-6 со падобран по својата форма потсетува на воздухопловна бомба и е долг еден метар. Се користи за процена на обученоста на пилотскиот состав при реализација на вежби со боево гаѓање на мали далечини. Метата има падобран со радарски рефлектор и факел со двојна намена. Овие елементи овозможуваат употреба на ракетите од класата „воздух-воздух“ со краток дострел кои се наведуваат со помош на топлотни боеви глави, како и визуелна идентификација на целта.