Русите работат на гасенична верзија на ПВО-системот „Панцир“ со зголемен дострел и ракети „Метка“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Станува збор за гасенична верзија на ракетно-топовскиот ПВО-систем „Панцир-СМ-СВ“, системот „Птицелов“ и специјална ПВО-верзија на оклопното возило „Тајфун-ПВО“. Тој ќе биде вооружен со ракети со краток дострел „Игла“, „Игла-С“ и „Врба“, како и со новите ракети што се развиваат во рамките на проектот „Метка“.

Во 2022 година ќе заврши работата над новата верзија на ракетно-топовскиот ПВО-систем „Панцир-СМ-СВ“ наменет за опремување на Копнените сили и ВДВ. Тој ќе биде монтиран на гасенична шасија и ќе има поголема зона на уништување на цели.

„Комплексот ќе користи два типа противвоздухопловни ракети“, изјави за веб-порталот „Краснаја звезда“ командантот на единиците на ПВО на руската армија генерал-потполковник Андреј Леонов.

Тој спомена уште два нови типа противвоздухопловни системи за единиците на Копнените сили чиј развој ќе заврши до крајот на 2022 година. Се работи за ПВО-системот „Птицелов“ кој ќе биде вооружен со два типа ракети. Една ќе се наведува со помош на ласерски зрак, додека другата ќе ја детектира топлотната рефлексија на целта. Покрај ПВО-системот „Птицелов“, единиците на Копнените сили ќе усвојат и специјална ПВО-верзија на оклопното возило „Тајфун-ПВО“. Тој ќе биде вооружен со ракети со краток дострел (системи „Игла“, „Игла-С“ и „Врба“), како и со новите ракети што се развиваат во рамките на проектот „Метка“.

Оваа ракета нема да има конкуренција во светот кога станува збор за квалитетот и способностите на нејзината оптоелектронска самонаведувана боева глава. Таа ќе овозможи уништување на воздушната цел, без оглед на различните методи за противелектронска борба што ги применуваат современите борбени летала.