Како што се соопштува од Министерството за одбрана на РФ, фрегатата на Тихоокеанската флота изведе лансирање на најновата ракета во водите на Јапонското море. Со боевиот дел на системот погодена е подводна цел за вежба.
За лансирање на противподморничката ракета „Ответ“ се користат универзални лансери кои се применуваат и за лансирање на крстосувачките ракети „Оникс“ и „Калибр“.
Од отворените извори е познато дека овој систем содржи противподморничка наведувачка ракета со самонаведувачко проитивподморничко торпедо со мали габарити. Кога се лансира од брод, ракетата има дострел од 40 километри.
Предвидено е системот „Ответ“ да се поставува на фрегати, на корвети и на крстосувачи.