САД го пронајдоа „рускиот убиец на американски бомбардери“

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Полковник Ханцингер: Руската ракета Р-37 претставува сериозна закана за САД.

Руската ракета Р-37 е наменета за уништување бомбардери, извидувачки авиони и авио-танкери, поради што претставува закана за американското Воено воздухопловство, смета полковникот во пензија Марк Ханцингер, пренесуваат медиумите.

„Руските и кинеските средства за ПВО стануваат сé помобилни, а дострелот на нивното дејство сé поголем и поголем“, пишува наведениот стручњак во текстот за Mitchell Institute Policy Paper.

Како што истакнува тој, во последните триесет години Москва и Пекинг значително ги унапредиле своите одбранбени системи и сега Вашинггтон „може да ја изгуби предноста“.

Ханцингер посветува посебно внимание на современите радари, кои прецизно ја препознаваат заканата и навремено ги испраќаат сигналите до лансирните уреди.

Покрај тоа, американскиот полковник ги фали руската и кинеската ПВО, истакнувајќи ги ракетите Р-37 и PL-XX, „наменети за уништување скапа авијација како што се извидувачки авиони, танкери и бомбардери“.

Р-37 е руска ракета од класата „воздух-воздух“. Во овој момент го има најголемиот дострел на светот меѓу наведуваните ракети „воздух-воздух“. Ја користат ловците-пресретнувачи МиГ-31БМ.