Во Русија изнесен предлог во становите да се воведува нуклеарна енергија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND
Мали нуклеарни уреди можат да се користат како алтернативен извор на енергија во станбените комплекси.

Мали нуклеарни уреди може да се користат како алтернативен извор на енергија во станбените комплекси. Ова во интервју за РИА „Новости“ го предложи заменик-генералниот директор на компанијата „Донстрој“, Андреј Багаев.

„Имам една идеја која на прв поглед изгледа лудо: во станбените комплекси како извор на енергија да се користат мали нуклеарни уреди“, изјави претприемачот, додавајќи дека во Русија оваа технологија веќе се користи на мразокршачите и во нуклеарните подморници.

Багаев истакна дека нуклеарниот уред би можел да обезбеди енергија во згради за површина од 1,5 милиони квадратни метри, а неговото времетраење е ограничено на седум години. „Тоа е како да менувате батерија на секои седум години: луѓето не знаат за проблеми, нема прекини во снабдувањето, ниту пак плаќање на дистрибутерите на струја за приклучок“, вели заменик-генералниот директор. Тој објасни дека многумина можат да го доживеат овој предлог како шега, но дека иднината на човештвото е сепак во нуклеарната енергија. Затоа за ваквите идеи веќе треба сериозно да се размислува. Според претприемачот, за да се реализираат ваквите идеи, неопходно е да се сменат законите.