ВИДЕО: Погледнете како руската војска сместува ИБР „Јарс“ во подземен силос

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија објави видео од сместување на интерконтинетална балистичка ракета „Јарс“ во подземен силос.

Комплексната операција беше изведена во Козелската единица на Ракетните сили за стратешка намена во близина на Калуга.

На снимката се гледа како ракетата тешка 56 тони со должина од 22,5 м се спушта во лансирен силос со помош на специјалeн транспортно-товарен агрегат. Станува збор за полуприколка со 16 огромни тркала, која до местото на утовар ја достави тенковски тегнач.

Потоа од камионот се одвојува приколката со ракетата, сместена во транспортно-лансирен контејнер. Со помош на моќни хидраулични дигалки агрегатот се издигнува вертикално над силосот, по што контејнерот со ракетата почнува полека да се спушта до почетната позиција.

Полнењето трае неколку часа. Во кадарот влегува и отворањето на капакот на подземниот силос. За да се направи ова, член на екипажот истовремено притиска копчиња на неговиот пулт со двете раце.

„Козелската единица е првата што е вооружена со ИБР „Јарс“ со силосно базирање“, соопшти воениот ресор, пренесува „Росијскаја газета“.