Во Русија конструиран суперсоничен вселенски авион

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Руските инженери проектираа авион за интерконтинентални летови низ стратосферата. Условно може да се каже дека тоа е еквивалент на британскиот авион Skylon.

Стратосферскиот авион“ е конструиран на Казањскиот национален истражувачки технички универзитет „Туполев“. Леталото ќе има труп со крила, хоризонтални стабилизатори на предната и задната страна, комбиниран ракетен или воздушно-млазен мотор и вселенски тегнач.

Со таквата комбинација на компоненти, сметаат авторите на проектот, авионот ќе има голема носивост и ќе може да се крене на небото за многу кратко време. Условно може да се каже дека проектот е еквивалент на британскиот авиона Skylon кој, како што се очекува, првпат ќе полета кон средината на оваа деценија.

Предноста на руското летало во однос на британското е во двостепениот принцип на летање, благодарение на што, како што се смета, последниот степен ќе носи помалку гориво, а повеќе полезен товар.

Покрај тоа, во Русија со полна пареа се работи на ракета-носач за повеќекратно исфрлање авиони во стратосферата со помош на крстосувачки степен кој се враќа на земјата. Планирано е прототипот на ракетата-носач да се заврши до крајот на 2022 година. Претходно беше соопштено дека за оваа перспективна ракета-носач веќе се прави мотор.