ВИДЕО: Како руските диверзанти совладуваат специјални пречки и „маваат“ по непријателот

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Вежбите се реализираа на воениот полигон Горностај во Приморскиот крај. На него има голем број специјални пречки кои војниците мораат да ги совладаат во рекорден временски период. Тие прескокнуваа висока ограда засилена со бодликава жица, со специјална техника со долг стап совладуваа вертикален ѕид, излегуваа од дупка од која избиваше густ црн чад итн. Истовремено ги изведуваа и основните тактички елементи на напад врз овие објекти, како и заседи.

Специјалните извидувачкo-диверзантски единици во состав на морнаричката пешадија на Тихоокеанската флота реализираа низа вежбовни активности во кои ја демонстрираа својата општа и посебна психофизичка способност, како и тактичката обученост.

Вежбите се реализираа на воениот полигон Горностај во Приморскиот крај. На него има голем број специјални пречки кои војниците мораат да ги совладаат во рекорден временски период. Тие прескокнуваа висока ограда засилена со бодликава жица, со специјална техника со долг стап совладуваа вертикален ѕид, излегуваа од дупка од која избиваше густ црн чад итн. Истовремено ги изведуваа и основните тактички елементи на напад врз овие објекти, како и заседи.

Во следната фаза, припадниците на извидувачко-диверзантската група на морнаричката пешадија изведоа заседа на конвој на условниот непријател. Притоа тие активираа поставено минско-експлозивна направа и на јуриш го докрајчија контузираниот непријател.