Направен нов руски лаптоп за чување тајни податоци

„Росэлектроника“
Во Русија е направена нова верзија на заштитен лаптоп за тајни податоци. Компјутерот има руски оперативен систем МСВС и модул „Собољ“ за овластен внес на податоци. Сето тоа го штити од недозволен пристап и овозможува безбедно складирање и обработка на податоци, па дури и на најстрого чувани тајни.

Лаптопот за тајни задачи беше претставен на меѓународниот самит во Москва посветен на телекомуникациите.

Проектот го претстави холдингот „Роселектроника“, кој е дел од корпорацијата „Ростех“, пишува агенцијата РИА „Новости“. Новиот модел ја надополни линијата на лаптопи кои веќе сериски се произведуваат за Вооружените сили на РФ. Од холдингот истакнуваат дека компјутерот има руски оперативен систем МСВС и модул „Собољ“ за овластен внес на податоци. Сето тоа го штити од неовластен пристап и овозможува безбедно складирање и обработка на податоците, па дури и на најстрого чуваните тајни.

Овој лаптоп ќе се користи и за тестирање на техника на терен, во воени маневри и операции. Неговата тежина е намалена за 30% бидејќи е направен од легура на магнезиум без губење на херметичноста и цврстината.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња