„Првата партија заштитени лаптоп компјутери е направена за Министерството за одбрана во согласност со тактичко-техничките барања на нарачателот. Нашите капацитети овозможуваат хардверски модификации, така што ние сме подготвени да им понудиме компјутери и на вооружени структури за примена на терен“, соопшти Алексеј Бочаров, генерален директор на концернот „Соѕвездие“ (дел од корпорацијата „Роселектроника“), пренесува РИА „Новости“.
Испорачани се лаптоп компјутери од 15 и 17 инчи кои со полна батерија можат да работат четири часа. Специјализираниот софтвер е предвиден за користење во подготовката и изведувањето на воени операции, за подигање на оперативноста на управување со трупите и за обезбедување стабилен пренос на глас и видеоснимка во теренски услови.
Уредите се отпорни на вибрации, удари, врнежи, вода и прашина. Тие можат да работат на температура од -40 до +50 степени Целзиусови, велат од „Ростех“.
Куќиштето е направено од фрезиран компактен дуралуминиум. Комплетот може да содржи подлога за апсорпција на вибрации и херметичко куферче.
„Благодарение на рускиот оперативен систем МСВС и вградениот модул „Собол“ за безбедно подигање на системот кој служи како заштита од неовластен пристап, овие компјутери со сигурност ги чуваат и обработуваат тајните податоци сѐ до нивото „строго доверливо“, вклучително и на тоа ниво. По желба на нарачателот компјутерите можат да бидат опремени со модул за GPS и ГЛОНАСС. Доколку нема потреба од обработка на податоци кои претставуваат државна тајна, во овие лаптопи може да биде вграден Wi-Fi, Bluetooth и модем 3G-LTE“, истакнуваат од информативната служба на корпорацијата.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче