„Ростех“ за потребите на војската разви суперотпорен преносне компјутер ЕС1866

Слободан Ѓукиќ
Руската државна корпорација „Ростех“ за потребите на рускта восјка разви преносен компјутер за работа во екстремни услови на експлоатација. Сите компоненти што се интегрирани во компјутерот, вклучителни и оперативниот систем, се од домашно производство. Цената е ситница – половина милион рубли. Ова се објаснува со квалитетот на самиот компјутер во однос на конкуренцијата, но и со малите серии на негово производство кои секогаш даваат повисока конечна цена.

Рускиот гигант „Ростех“ планира со Министерството за одбрана на потпише договор за испорака на неколку илјади преносни компјутери ЕС1866 наменети за употреба во екстремни услови на експлоатација, пренесува РБК. „Цената на еден ЕС1866 ќе изнесува околу 500.000 рубли. Неговите врвни карактеристики ќе бидат обезбедени од јадрото на комјутерот засновано на домашни микропроцесори со голема брзина „Ељбрус 1С+“, велат за РБК од „Ростех“.

Овој модел преносен компјутер е конципиран врз основа на барање од Министерството за одбрана. Ова министерство планира да склучи договор со државната корпорација „Ростех“ кој ќе опфати испорака на неколку илјади вакви суперотпорни преносни компјутери кои ќе бидат дистрибуирани низ различни оперативни единици на руската армија, вклучувајќи ги и најмалите тактички единици.

Преносниот компјутер кој го поседува рускиот микропроцесор „Ељбрус 1Ц+“ за првпат ѝ беше прикажан на јавноста на саемот на висока технологија „Инопром-2018“ кој од 9 до 12 јули ќе се одржува во градот Екатеринбург.

Универзален „оклопник“

Суперотпорниот преносен комјутер ЕС1866 е производ на холдингот „Роселектроника“. Кај него е применето херметички затворено куќиште кое е составено од исклучително цврста легура која во целост ги елиминира надворешните фактори кои можат да влијаат на неговата работа: вибрации, удари, екстреми температури (од -20 до +55 степени според Целзиус), контакт со вода.

ЕС1866 има екран од 17 инчи, а неговите габарити изнесуваат 41.3 х 34 х 8 сантиметри.

Компјутерот работи на рускиот оперативен систем „Ељбрус“. Притоа на него можат да бидат инсталирани и други оперативни системи (Windows, Linux, MacOS X). Компјутерот има широка употреба, како во воениот, така и во цивилниот сектор.

„Овој компјутер може без проблеми да издржи силни уадри и падови од голема височина, како и екстремни вредности на влага“, истакнува Дмитриј Семишин, началник на секторот за перспективни проекти на Научно-истражувачкиот центар за компјутерска електроника кој исто така учествуваше во изработката на овој компјутер. „Куќиштето на компјутерот е направено од специјално изработена легура на алуминиум која практично не може да се уништи“, истакнува Семишин.

Концернот „Роселектроника“ е во рамките на државната корпорација „Ростех“. Претставува силен индустриски субјект кој се занимава со иновации и со производство на најсовремена технологија. Таа ова лето го претстави својот најнов производ суперотпорниот компјутер ЕС1866 кај кој се применетни уникатни технички проекти за време на изработката на преносниор компјутер. „Примената на најновите технологии кои пред сè се однесуваат на напредните електронски компоненти и на интеграцијата на најновите материјали воопшто не е евтина, што се одрази и на конечната цена на овој компјутер“, истакнува Семишин.

Тој спомена дека претходната верзија преносен компјутер која го носи истото име нема ништо заедничко со најновиот производ на концернот „Роселектроник“. Во претходната верзија на компјутерот ние за неговото составување користевме голем број увозни компоненти додека овој модел во целост е домашен производ. Нашиот оперативен систем „Ељбрус“ и ЕС1866 се извонредна платформа која нуди огромни можности.

Респектабилна цена во однос на конкуренцијата, но и поголем квалитет

Отпорноста на преносниот компјутер ЕС 1866 е поголема од стандардните модели кои се квалификуваат како „Ultra-rugged“, истакнува раководителот на InfoWatch Григориј Васиљев. „Во странство ваквите видови компјутери во просек чинат повеќе од 5.000 американски долари. Затоа цената од 500.000 рубли (8.000 американски долари) за ЕС 1866 кој има ултраотпорно куќиште во кое се наоѓа нашиот процесор, има разумна цена“, вели Васиљев.

Во просек цената за еден преносен комјутер со висока отпорност од марките Panasonic, Lenovo или Dell што ги користат војниците на НАТО чини од 3.200 до 4.800 американски долари.

Независниот аналитичар Григориј Бапилов ја објаснува клучната разлика во цената помеѓу суперотпорните компјутери што ги произведуваат мултинационалните корпорации од типот на Lenovo или Dell и рускиот „оклопник“ што го прави „Роселектроника“. „Мултинационалните корпорации ги произведуваат своите компјутери во огромни серии, додека Роселектроника исфрла многи помали серии кои се предвидени за специјални задачи. Токму тоа е причината за она што цената на ЕС 1866 е повисока во однос на конкуренцијата“, истакнува Башилов.

Прочитајте уште: Колку беспилотни летала има во руската војска?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња