АКТУЕЛНО: Руските експерти со поделени ставови за главната намена на новиот ПВО/ПРО-систем С-550

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Според рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу, Русија работи на развој на нов систем за противвоздушна одбрана С-550. Оваа вест одекна како бомба во сите домашни и водечки странски медиуми, со оглед на тоа дека руската армија допрва треба да ги добие првите елементи, според сите критериуми, на супериорниот систем за ПВО/ПРО С-500 „Прометеј/Триумфатор-М“.

Ова за веб-порталот РИА „Новости“ го изјави неименуван воен извор од рускиот воено-индустриски комплекс. Како што веќе пишуваше веб-порталот РГ, една клучните стратешки точки кога е во прашање превласта на Војската на САД во однос на нејзините конкуренти е воспоставувањето доминација во Земјината орбита.

Експериментирањето со беспилотните вселенски летала Х-37, за кое и самите Американци сметаат дека ќе биде воен проект, е токму дел од новиот стратешки пристап формулиран од Пентагон.

Според неименуваниот извор, С-550 ќе може да го погоди ова беспилотно летало на големи висини, вклучително и боевите глави на интерконтиненталните балистички ракети кои се одвојуваат во орбиталниот простор и се насочуваат кон својата цел. Овој систем е наменет и за борба против сите типови воздушни цели со хиперсонични карактеристики.

Меѓутоа, се појави уште една интерпретација на главната намена на перспективниот ракетен ПВО/ПРО-систем С-550. Таа дојде и од круговите на руски воени експерти. Дел од нив сметаат дека овој комплекс ќе добие нова повеќенаменска радарска станица која ќе може да ги детектира своите цели на поголеми растојанија, но и на висини.

Во суштина се работи за модификација на ПВО/ПРО-системот С-500 „Прометеус“, кој ќе биде специјализиран за борба со цели на екстремно големи далечини. Што се однесува до тактиката на неговата употреба, тој нема да обрнува внимание на „традиционалните“ воздушни цели како што се различни типови авиони, хеликоптери, беспилотни летала итн.