Министерството за одбрана доби партија противвоздушни наведувани ракети за системот „Стрела-10М3“

ПВО-систем „Стрела-10М3“.

ПВО-систем „Стрела-10М3“.

structure.mil.ru/Министерство за одбрана на РФ
Групата компании „Калашников“ му испорача на Министерството за одбрана на Русија партија противвоздухопловни наведувани ракети 9М333 за ракетниот ПВО-систем „Стрела-10М3“.

Како што се истакнува во соопштението на информативната служба на „Калашников“ што го пренесува агенцијата ТАСС, противвоздушните наведувани ракети 9М333 се користат во борбените возила 9А34М3 и 9А35М3 на противвоздушниот ракетен систем „Стрела-10М3“.

Подобрени можности на ракетата

Индустрискиот директор на комплексот за вооружување на државната корпорација „Ростех“ Бекхан Оздоев ги коментираше за медиумите првите масовни испораки на ракетата 9М333 за армијата, велејќи дека тие производи се карактеризираат со зголемена ефикасност при соборувањето воздушни цели бидејќи тие полесно се „закачуваат“ за целта.

„Противвоздушните наведувани ракети 9М333, чии први масовни испораки на Министерството за одбрана на РФ штотуку ги изврши компанијата „Калашников“, овозможуваат поголема ефикасност во борбата против нисколетечки авиони и хеликоптери, благодарение на тоа што системот за наведување полесно се „закачува“ за целта, а и поголема е борбената моќ на овие ракети. Таквиот проектил функционира според принципот „испукај и заборави“, т.е. по лансирањето, може веднаш да се смени позицијата на противвоздушниот ракетен систем “, рече тој.

Ракета 9М333

Ракетата 9M333 погодува во сите временски услови нисколетечки авиони и хеликоптери, дури и кога е попречена од оптички мамки со или без падобран, како и со модулирани организирани оптички мамки, а исто така соборува и нисколетечки летала на далечинско управување и крстосувачки ракети. Главата за самонаведување на противвоздушната наведувана ракета има три режими: фотоконтрастен, инфрацрвен и режим за попречување.

Ракетата може да погоди цели оддалечени 5000 метри, достигнува брзина од 679 м/с и висина од 10 до 3500 метри“, соопштуваат од „Калашников“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња