„Калашников“ прави нови ракети за руските системи за ПВО

Гаѓање од противвоздушниот систем „Стрела-10М3“ на армиското натпреварување „Чисто небо“, полигон Ејски, Центар за обука на припадниците на ПВО.

Гаѓање од противвоздушниот систем „Стрела-10М3“ на армиското натпреварување „Чисто небо“, полигон Ејски, Центар за обука на припадниците на ПВО.

Виталиј Тимкив/Sputnik
Овие проектили ќе бидат неразделив дел на системот „земја-воздух“ 9K35 Стрела-10М.

Концернот „Калашников“ на почетокот на 2021 година започна со сериско производство на новата наведувана ракета 9М333 за противвоздушните системи од семејството 9К35 „Стрела-10М“.

Оружјето ќе им биде испорачано на копнените трупи на Министерството за одбрана на Русија.

Како што истакнуваат од концернот, новата ракета работи на принципот „истрелај и заборави“. Целта се обележува и се притиска копчето за лансирање на ракетата и веднаш се преминува на друга цел. Ракетата точно ја погодува својата цел во 99,9% од случаите“, објаснува Вадим Козјулин, професор на Академијата на воени науки.

Противвоздушна ракета „Стрела-10“ на изложбата во рамките на Меѓународниот военотехнички форум „Армија 2020“ во изложбениот центар „Патриот“. Русија, Московска област, 24 август 2020.

Според него, ракетата е специфична по тоа што има глава за самонаведување која работи во фотоконтрастен и инфрацрвен режим, како и во услови на изложеност на пречки. Во тоа е најголемата предност во однос на другите проектили од оваа класа“, истакнува експертот.

Ракетата 9M333 е наменета за уништување на авиони во низок лет и хеликоптери во кое било време од годината и во сите услови на непријателско оптичко попречување, како и за уништување на беспилотни летала и крстосувачки ракети.

Противвоздушните ракетни системи од семејството „Стрела-10М“ имаат за задача да ги штитат воените единици за време на борба или марш од напади од воздух и од набљудувачки летала во низок или екстремно низок лет. Во 2020 година тие спаѓаа во најчесто користените системи за ПВО во светот.

Според рускиот експерт, овие ракети со разорно-фрагментарни боеви глави главно ќе се користат за заштита на руските и странските трупи од беспилотни воздушни армади.

„Дроновите станаа главното офанзивно оружје на терористите и има неколку причини за тоа. Прво, за напад се доволен каков било евтин и едноставен дрон што секој инженер може да го направи директно на терен и да му закачи експлозив. А второ, сите системи за ПВО на најголемите светски сили се предвидени за уништување авиони-ловци, бомбардери, крстосувачки ракети, итн.“, објаснува професорот.

Со други зборови, во прашање е многу скапо оружје со скапи ракети, направени за уништување на исто така скапи системи. Би било прескапо и неефикасно да се гаѓаат набрзина составени мали дронови со противвоздушни ракетни системи С-400 или ТОР.

Со самото тоа на војската ѝ беше потребно поевтино, а сепак ефикасно оружје кое би можело да се примени против ваквите беспилотни летала.

Според Вадим Козјулин, „Стрела-10М“ се разликува од еквивалентните руски и странски модели по најновите боеви глави со самонаведување кои потешко се пресретнуваат и соборуваат. „Дури и со употреба на топлински мамки на непријателот сега му е далеку потешко да собори ракета истрелана од противвоздухопловен лансер „Стрела-10М“, заклучува експертот.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња