Завршија испитувањата на противвоздушната наведувана ракета за ПВО-системот „Стрела-10“ (ВИДЕО)

Скриншот/Kalashnikov.Media
Започна сериското производство за потребите на Министерството за одбрана на РФ.

Акционерското друштво „Концерн „Калашников“ ги заврши испитувањата на противвоздушната наведувана ракета 9М333, кои се одржаа на полигонот Донгуз во Оренбуршката област.

Противвоздушната наведувана ракета 9М333 може да се користи во состав на системите од семејството „Стрела-10“. Таа е усовршена верзија на противвоздушната наведувана ракета 9М37 и беше претставена на Меѓународниот военотехнички форум „Армия 2020“, пишува ТВ „Ѕвезда“.

Противвоздушната наведувана ракета е наменета за неутрализирање нисколетечки авиони и хеликоптери во услови на примена на различни видови оптички пречки, како и на далечински управувани летала и крстосувачки ракети.  

Главната предност на 9М333 е новата самонаведувачка глава, во која освен инфрацрвен и фотоконтрастен режим на работа е додаден и систем за попречување. Ракетата работи и на принципот „пукај и заборави“.

„Стрела-10“ е противвоздушен ракетен систем, разработен во СССР кон средината на 1970-тите години. Неговата основна задача е неутрализирање воздушни објекти на мали висини. Разработен е со намена да покрива тенкови и механизирани единици за време на марш и непосредно на бојното поле.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња