Првата серија ракетни системи ТОС-2 „Тосочка“ подготвена за испорака на единиците на руската армија

ТОС-2 Тосочка

ТОС-2 Тосочка

vitalykuzmin.net
До крајот на оваа година артилериско-ракетните единици на руската армија може да ги очекуваат првите испораки на новиот тежок артилериско-ракетен систем ТОС-2 „Тосочка“. Во август годинава руското Министерство за одбрана потпиша договор со производителот за набавка на неодредена количина вакви системи, кои покрај исклучително големата разорна моќ ќе се карактеризираат и со зголемена мобилност и скратено време на полнење на ракетите.

Според генералниот директор на НПО „Спав“ (*развојна компанија и производител на овие системи) Александар Смирнов, реализацијата на овој договор оди паралелно со фазата на државни тестирања. Планот е оваа фаза да се заврши во близок временски период. До крајот на неделата ќе биде завршена фазата на боево пробно гаѓање и врз основа на тоа ќе бидат состават протоколите.

Тешкиот повеќецевен ракетен лансер ТОС-2 „Тосочка“ претставува понатамошна еволуција на артилериско-пламенофрлачкиот систем ТОС-1А „Сонцепјок“, која ќе има зголемени тактичко-технички карактеристики. За разлика од својот претходник кој се наоѓа на тенковска шасија, „Тосочка“ како основна платформа употребува камион на тркала „Урал“ со зголемена носивост и проодност. Самата платформа и виталните делови на системот се зајакнати со дополнителна оклопна заштита која штити од стрелечка муниција и фрагменти на гранати. Во однос на претходните верзии (ТОС-1А „Сонцепјок“) платформата на тркала значително ќе ги зголеми параметрите на мобилност, со што се обезбедува висок интензитет и благовремена употреба на артилериските системи при изведување на борбените дејствија.

Системот за управување со огнот на ТОС-2 е во целост автоматизиран. На возилото се наоѓа кран-манипулатор, кој врши полнење на орудието со ракети така што на „Тосочка“ не ѝ е потребно посебно транспортно-логистичко возило. Покрај тоа, на „Тосочка“ е монтиран и систем за радиоелектронска заштита која е ефикасна во одбраната од високопрецизни типови убојни средства.

Исто така, новата „Тосочка“ ќе има и модернизирани ракети кои имаат поголем ефективен дострел во однос на претходните верзии. Се работи за ракетата МО.1.01.04М со калибар 220 мм, која е биде опремена со термобаричка боева глава со поголема разорна моќ. Оваа ракета е долга 3,72 метри, а нејзината маса достигнува 216 килограми. Максималниот дострел на ракетата е 6000 метри. Температурниот опсег на нејзината употреба е од -40 до +50 степени Целзиусови.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња