Шојгу соопшти за развој на нов противвоздухопловен ракетен систем С-550

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Во Русија се прави нов противвоздухопловен ракетен систем С-550.

Во тек се работите на создавање на нов противвоздухопловен ракетен систем С-550, соопшти министерот за одбрана на РФ Сергеј Шојгу.

Тој истакна дека на неодамнешното советување Владимир Путин „особено ја нагласи важноста на забрзаниот развој на домашните системи за ПВО и ПРО, како и испораката на системите С-350, С-500 и С-550 на Вооружените сили на Русија“.

Рускиот министер за одбрана не наведе никакви детали за најновиот систем.

Шефот на руската држава од 1 до 3 ноември одржа низа средби во Сочи со претставниците на воениот врв, како и со раководствата на военоиндустриските компании.

На советувањето кај претседателот на државата се дозна дека руската армија во најскоро време ќе го добие првиот сериски примерок на С-500. Путин потсети дека Вооружените сили на РФ во последните четири години добиле 25 системи С-400, а модернизирани се над 20 системи С-300.

С-500 „Прометеј“ припаѓа на последната генерација противвоздушни ракетни системи „земја-воздух“. Станува збор за универзален систем за пресретнување на големи висини со голем дострел со зголемен потенцијал за противракетна одбрана. Радиусот на дејство на ракетите на С-500 е околу 600 километри.