Аеротакси на компанијата Hoversurf
Кирилл Каллиников/SputnikЦената на лет со авиотакси во Москва ќе изнесува околу 200 рубли по километар (2,5 евра), изјави генералниот директор на компанијата Hover Александар Атаманов.
Првично беше планирано авиотаксито да биде поевтино од обичното, но инфлацијата значително влијаеше на бизнис-моделот, објаснува тој. На пример, лет од 20 минути од Кремљ до Москва-Сити ќе чини 4 илјади рубли (околу 49 евра).
Претходно беше објавено дека Hover планира да добие дозвола за работа на такси-дронови кои би започнале со воздушен превоз 2023-2025 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче