Оваа невронска мрежа прави слики според опис на руски јазик. Често излегува морничаво (ФОТОГРАФИИ)

Сликите се, благо кажано, прилично чудни. Но, корисници на рускиот интернет на социјалните мрежи со ентузијазам ги споделуваат апстрактните и смешни прикази.

Русите не се предаваат

Рускиот финансиски екосистем „Сбер“ ја претстави првата мултимодуларна невронска мрежа ruDALL-E, која креира слики врз основа на текстуален опис на руски јазик.

Ги создава на следниов начин: најпрвин една невронска мрежа го обработува внесениот текст и генерира слики, втора ги избира оние што најдобро одговараат на описот, а трета ги зголемува без губење на квалитетот и го исфрла резултатот.

Тепачка на мажи

За да добиете слика, треба да отидете на сајтот https://rudalle.ru или да го стартувате ботот на невронската мрежа на Телеграм, потоа да го внесете описот на саканата слика и да го почекате резултатот. Сликата најчесто се појавува по неколку минути. Со еден опис можете да испратите неограничен број барања, невронската мрежа секој пат ќе даде нов резултат.

Тројца Руси пијат вотка.

Невронската мрежа непрекинато учи врз основа на слики и текстови. Од компанијата нагласуваат дека таа има голем потенцијал и дека може да се користи за дизајнирање ентериер, сток фотографии, слики за реклами и копирајтинг, како и за архитектонски и индустриски дизајн.

Русинка

Па сепак, некои слики се премногу смешни или морничави, така што корисниците на рускиот интернет со задоволство ги споделуваат добиените резултати.

Вака според мислењето на невронската мрежа изгледа мачор-комунист:

А вака „јокарниј бабај“ (еуфемизам што се користи наместо пцост):

Ковид ограничувањата:

Групата АББА:

Ремек-дело на современата уметност:

Министерство за љубов:

Фасцинантна празнина:

Вонземјани:

Ленин со вратоврска:

А вака, според мислењето на невронската мрежа, изгледа логото на порталот Russia Beyond: 

Логото на Russia Beyond

 

Логото на Russia Beyond

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња