НОВИТЕТИ: Рускиот военоиндустриски комплекс разви ударно беспилотно летало „Термит“

Беспилотно летало „Термит“

Беспилотно летало „Термит“

Евгениј Бјатов/Sputnik
Станува збор за извидувачко-ударно беспилотно летало од хеликоптерски тип кое ќе биде опремено со програмски алгоритми со елементи на вештачка интелигенција. Невронската мрежа ќе му обезбеди на овој дрон опција за „слободен лов“. Покрај неоспорната смртоносна моќ, една од најважните предности на ова беспилотно летало е можноста за негово базирање и експлоатација на инженерски неподготвени терени.

Руското извидувачко-ударно беспилотно летало од хеликоптерски тип „Термит“ ќе биде опремено со програмски алгоритми со елементи на вештачка интелигенција. Невронската мрежа ќе му овозможи на овој дрон опција „слободен лов“.

Како што соопштува веб-порталот RT, началникот на конструкторското биро НПО „Стрела“ Борис Трунов, операторот кој управува со ова беспилотно летало ќе има задача само да „зафати“ одредена цел и да ја префрли во режим на следење, додека сите останати функции „Термит“ ќе ги реализира самостојно.

„Алгоритмите на вештачка интелигенција се составен дел на леталото, вградени во логиката на системот за управување со огнот. Меѓутоа, конечната улога кога станува збор за употреба на вооружувањето ја носи операторот - човечкиот фактор. Благодарение на употребата на ракетата С-8Л, БПЛА-АТ е во состојба ефикасно да уништи индивидуална или групна копнена цел која може да биде фиксна или мобилна“, истакнува конструкторот.

Ракетите С-8Л спаѓаат во класата проектили кај кои е можно да се коригира нивната траекторија на летање по лансирањето. Таа се насочува врз целта со ласерски зрак и првенствено е наменета за борба со оклопната борбена техника на условниот непријател, како и неговата жива сила сместена во утврдувања.

Руското извидувачко-ударно беспилотно летало од хеликотерски тип „Термит“ првпат ѝ беше претставено на јавноста на Меѓународниот военотехнички саем „Армија 2021“. Неговата должина достигнува пет метри, додека висината му е 2,3 метри. Една од поважните предности на ова беспилотно летало е можноста за негово базирање и експлоатација на инженерски неподготвени терени.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња