Првите странски купувачи на руските ракетни системи С-500 веројатно ќе бидат Кина и Индија

Наука и технологија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Азиските земји имаат долгогодишно партнерство со Русија во технологиите за оружје.

„Кога овој систем ќе им биде испорачан на Вооружените сили во неопходниот обем, ќе стане возможна и испораката за извоз. Ги разгледуваме Индија, како и Кина, и сите земји со кои имаме долгорочни, партнерски и предвидливи односи, во својство на идни сопственици на овие најнови системи“, изјави во интервју за РБК директорот на Федералната служба за военотехничка соработка Дмитриј Шугаев, цитиран од РИА „Новости“.

Притоа, ФСВТС има намера да ги разгледа потенцијалните барања поединечно во секој конкретен случај, додаде Шугаев.

Претходно претседателот на Русија Владимир Путин изјави дека наскоро армијата ќе го добие првиот сериски примерок на С-500.

С-500 „Прометеј“ (ОКР „Триумфатор-М“) е нова генерација на ПВО/ПРО системите „земја-воздух“. Станува збор за универзален комплекс со голем дострел и висинско пресретнување со зголемен потенцијал за противракетна одбран. Радиусот на уништување на С-500 е околу 600 километри. Покрај тоа, системот ќе може да открие и истовремено да уништи до 10 балистички суперсонични цели кои летаат со брзина до 7 км/сек. Ќе може да уништува и боеви глави на хиперсонични ракети.