Изданието The Drive обрна внимание на видеото објавено на YouTube.
На снимката МиГ-29 се порамнува во воздухот со F-5 Tiger II, а вториот авион најверојатно истрелува ракета-цел TDUI-11 и продолжува напред. Речиси веднаш потоа од под десното крило на МиГ-29 е лансирана ракета, за која се претпоставува дека е Р-73, пишува „Лента“.
Изданието истакнува дека меѓу истрелувањата на ракетите не поминале повеќе од 4 секунди.
The Drive потсетува дека ракетата P-73 од класата „воздух-воздух“ се одликува со боева глава со инфрацрвен систем за самонаведување, висока маневарбилност и можност за следење преку систем за означување на целта поставен на шлемот на пилотот.