ВИДЕО: Мултикалибарскиот АКВ-521 прикажан во детали

Концернот „Калашников“ објави детално видео за цивилниот карабин АКВ-521 со менлива цевка со патрони со калибар 5х45х39 и .223Rem.

Оружјето има кутиест магазин со капацитет од 10 патрони и „Пикатини“ шина за монтирање на дополнителна опрема, пишува „Росијскаја газета“.

„Главната предност на карабинот е менливата цевка. Односно, ако претходно беа потребни две лиценци за поседување два „Калашникови“, сега е доволно да добиете една и да купите втора цевка за него“, велат од концернот.

Гледачите на видеото забележаа дека сè уште не е решен проблемот со регулаторот на режимот на стрелба – тој не може да се постави на левата страна, како што е случајот со воениот АК од новата серија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња