Како што објасни директорот на конструкторскиот центар за цивилно стрелечко оружје на Групата компании „Калашников“ Валентин Власенко, мазната цевка на АКВ-521 има на крајот на цевката рецка од типот „Парадокс“ долга 140 милиметри. Притоа пречникот на цевката за патронот .366 ТКМ е поголем отколку за калибар 5,45 и 7,62, така што се зголемени и димензиите на гасната комора. Затоа празен карабин без магацинот е тежок 3,9 килограми, околу 100 грама потежок од верзијата со ожлебена цевка.
Со оглед на тоа дека се работи за оружје со мазна цевка, ефикасниот дострел е до 300 метри. Се очекува производството на оваа верзија на карабинот да почне истовремено со производството на модификациите со ожлебена цевка.
Карабинот АКB-521 е заснован на идејата дека оптичките уреди треба да бидат нераскинливо поврзани со цевката. Затоа конструкциски оружјето се состои од два основни дела: горен и долен. Првиот го сочинуваат цевката со затворачот и пружината, а вториот сето останато. Носачот за оптичките уреди ја зазема целата должина на сандакот на цевката. Притоа е предвидена можност за замена на цевката за различни калибри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче