Со новата камуфлажа руската армија станува речиси невидлива

Воен персонал на заедничката вежба со колективните сили за брза интервенција на Централниот азиски регион за колективна безбедност на ОДКБ (Организација на колективен договор за безбедност) „Рубеж-2021“ во Киргистан.

Воен персонал на заедничката вежба со колективните сили за брза интервенција на Централниот азиски регион за колективна безбедност на ОДКБ (Организација на колективен договор за безбедност) „Рубеж-2021“ во Киргистан.

Константин Михаљчевски/Sputnik
Руската оклопна техника со нов вид камуфлажа нема да можат да ја забележат 95% од дроновите што ги поседува НАТО, вели експерт.

Новата камуфлажна технологија неофицијално се нарекува „Камелеон“. Заснована е на таканаречено електрохромно „стакло“ кое се состои од композитни материјали и ја менува бојата и транспарентноста под влијание на електрична струја.

Првите примероци на овој електрохромен премаз за војничката опрема на иднината под назив „Ратник“ беа прикажани во 2018 година на меѓународниот военотехнички форум „Армија“ во Русија. А, на почетокот на октомври 2021 година агенцијата РИА Новости, повикувајќи се на извор во военоиндустрискиот сектор соопшти дека новата камуфлажа веќе се тестира на макети оклопна техника.

Борбено-тактички комплет опрема за војник „Ратник“ во различни варијанти.

Камуфлажата функционира на следниов начин. Борбените возила однадвор комплетно се прекриваат со мали плочки со електрохромен премаз и низ секоја од нив се спроведуваат жици низ кои минува струја. Со помош на видеокамера системот го скенира целиот простор наоколу, а воедно ги анализира и боите и основните облици на теренот, па потоа им испраќа команда на плочките да направат нов камуфлажен цртеж кој ќе ѝ овозможи на машината од различни агли на гледање целосно да се претопи со околината.

Принципот е преземен од природата. Камелеоните и октоподите ја менуваат бојата на кожата, имитирајќи ја површината на која се наоѓаат. На пример, ако октоподот преминува од потемен кон посветол дел од морското дно, тој брзо ја менува бојата и текстурата на кожата.

Во колкава мера ќе стане „невидлива“ оклопната техника?

„Оваа технологија не е нова. Таа веќе подолго време се користи во цивилната сфера. Тоа се таканаречени паметни стакла кои понекогаш се поставуваат на собите за преговори. Додека просторијата е слободна стаклото е прозрачно, а кога е зафатена е обоено. Но, овој воен проект секако е и иновативен. Плочките треба брзо да направат камуфлажа која е максимално прилагодена на теренот, треба да бидат отпорни на агресивните фактори на природните услови, да бидат сигурни и евтини“, истакнува главниот уредник на списанието „Беспилотнаја авијација“ Денис Федутинов.

Борбено-тактички комплет опрема за војник „Ратник“ во различни варијанти.

Според него, доколку копнената техника на руската армија масовно се снабдува со ваквите „премази“, веројатниот непријател нема да може да искористи околу 95% од своите беспилотни летала за нејзино откривање.

„Поголемиот број извидувачки дронови спаѓа во помали беспилотни летала. Тие ниту во себе, ниту во копнените системи за управување немаат средства за обработка и анализа на добиените видеоснимки. Анализата на податоците непосредно ги извршува оној што управува со дронот, односно човек. Ќе биде навистина тешко да се открие и да се препознае техниката маскирана со специјален премаз“, објаснува Федутинов,

Според овој експерт, премазот-камелеон особено може да биде ефикасен со оглед на тоа што извидувачките дронови се трудат да бидат на доволно голема дистанца за и самите да не бидат забележани.

„Камелеонот“, меѓутоа, нема да биде универзално решение за заштита на руската техника. Тој е проблем само за обичните извидувачки дронови (иако тие сочинуваат 95% од сите што постојат). Доколку дронот може истовремено да користи набљудувачка апаратура која работи во различен бранов опсег, тогаш тоа во голема мера ќе ја намали ефикасноста на „Камелеонот“.

Беспилотните летала на Военото воздухопловство на САД МК-9 Реапер на аеродромот Амари, Естонија, 1 јули 2020 година. Беспилотните летала на САД распоредени се во Естонија за поддршка на мисијата на НАТО за собирање податоци во Балтичките земји.

Освен тоа, овој специјален камуфлажен премаз може да ги збуни само оние непријателски офанзивни средства кои се опремени со телевизиско-оптичка глава за самонаведување. „Кај ваквите ракети поради примена на електрохромниот премаз може да дојде до грешка во автоматското фиксирање на целта. Ова важи како за боевите глави кои користат фотоконтрастен канал за наведување, така и за оние кои го паметат изгледот на целта“, истакнува експертот.

И покрај овие ограничувања предложениот систем е моќна дополнителна можност што го има нашата армија, смета Федутинов. Техниката која поседува можност за мимикрија ќе има поголеми шанси да опстане во борбата одошто техника со обична статична камуфлажа, вели тој.

Во директен судир на мотострелачки единици во судир на две приближно еднакви страни, онаа страна чија техника го има „Камелеон“ во однос на другата страна ќе биде во предност според известеноста и брзината на смена на циклусот „откривање – уништување“. Ова се случува зашто техниката камуфлирана со мимикрија непријателот ја открива спорадично или со големо задоцнување.

Како може да се препознае ваквата камуфлажа?

Оклопни борбени возила за ремонт и евакуација БРЕМ-1 во текот на заедничките стратешки вежби на Вооружените сили на Русија и на Белорусија на Лушкиот полигон во Ленинградската област.

Дроновите од висока технолошка класа со напредни повеќеканалски системи за извидување и набљудување, а исто така со интегрирани автоматски системи за обработка и анализа на податоци, сепак ги откриваат „Камелеоните“. Ова за порталот Russia Beyond анонимно го соопшти претставникот на еден од водечките руски производители на беспилотни летала.

„Ваквите апарати, кои немаат дури ни термовизиски камери (за кои овој премаз не претставува проблем), но само оптички сензори, можат да ја откријат ваквата техника. Во тоа помагаат и камерите со добра резолуција и автоматскиот алгоритам за обработка на податоци и алгоритамот за машинско учење“, истакна споменатиот извор.

Стручњакот, на пример, објасни дека доброобучена невронска мрежа на современ високотехнолошки воен дрон без проблем препознава возило од определена марка во урбана средина натрупана со објекти, дури и ако само еден дел од таквото возило ѕирка под крошната на некое дрво.

„Поскапите дронови со невронска мрежа и со соодветни сензори без проблем детектираат тенк по топовската цевка која тешко може да се прекрие со електрохромен премаз поради динамичкото оптоварување за време на пукањето. Невронската мрежа на таквиот дрон ќе ја види сенката на возилото, трагите од неговата гасеница, митралезот, антената, средствата за набљудување, издувните гасови итн. Со други зборови, цела низа детали кои камуфлажата не може да ги скрие“, истакнува експертот.

Но, дури и во тој случај новата камуфлажа во случај на масовна примена ќе претставува проблем за операторите на дроновите и операторите на оружје на авијацијата, како и за нишанџиите на копнените оптички системи за набљудување и на нишанџиите на борбените возила, смета претставник на производителот на руски беспилотни летала.

„На пример, доколку Русија масовно примени такви специјални камуфлажни премази, земјите од НАТО ќе мораат да размислат за нови трошоци за воведување технологија на невронски мрежи и системи за обработка на големи бази податоци за дронови и нивните копнени системи, за хеликоптерите или за апаратурата на борбените возила“, заклучува експертот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња