Блогерот и претприемач Руслан Абдулнасиров ги спореди влечните можности на новиот теренец Mercedes-AMG G и амфибиското возило „Шерп“. Врвната верзија на теренецот Mercedes-AMG G 63 со стандардни гуми од 22 инчи му се спротивстави на „Шерп“ со неговите гуми со запремнина од 800 литри под низок притисок и надворешен пречник од 23 инчи (1600 милиметри).
Тегнењето јаже се одржа на сув терен делумно покриен со суво лисје. Абдулнасиров ја објави снимката на социјалните мрежи.
Mercedes-AMG G 63 има бензински турбомотор V8 со 585 КС (850 Нм) со запремнина од 4,0 литри и вкупна маса од околу 2,4 тони. Руските цени на овој модел се движат од 19.840.000 рубли, што изнесува околу 282 илјади долари.
Специјализираното возило „Шерп“ е опремено со дизел мотор со четири цилиндри Kubota со 44 КС и вртежен момент 120 Нм. Тежи 1,1 тони помалку од германското возило и е многу поевтин. Во странство цените почнуваат од околу 96 илјади долари (6,75 милиони рубли).
Тегнењето јаже е ефективно натпреварување кое овозможува индиректно да се проценат влечните способности на противникот. Меѓутоа, таквите битки не се сметаат за објективни, со оглед на тоа дека многу нешта зависат од допирните параметри на гумата на тврда подлога.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче