ВИДЕО: Руските ракеташи изведоа боево гаѓање со ПВО-системи 9К317М „Бук-М3“

Министерство за одбрана на РФ
Притоа беа употребени 10 имитатори кои симулираа напад на непријателска ескадрила на оперативно-тактичка авијација. Во својство на имитатори беа лансирани ракети „Саман“. Благодарение на нивниот голем дострел, овие ракети беа лансирани од позиција што се наоѓаше 100 километри подалеку од полигонот.

Ракетaшите со новите самоодни ракетни системи со среден дострел 9К317М „Бук-М3“ реализираа воена вежба со боево гаѓање. Вежбата се одржа на воениот полигон Капустин Јар во Астраханската област. Притоа успешно беа пресретнати 10 воздушни цели на условниот непријател.

Како што соопшти информативната служба на Западниот воен округ, ракетните единици опремени со самоодни ПВО-системи 9К317М „Бук-М3“ уништија брзи цели што се движеа на големи висини. Притоа беа употребени имитатори кои симулираа напад од ескадрила на оперативно-тактичка авијација на условниот непријател. Во својство на имитатори беа лансирани ракети „Саман“. Благодарение на нивниот голем дострел, овие ракети беа лансирани од позиција што се наоѓаше 100 километри подалеку од полигонот, пренесува веб-порталот РГ.

Целта на оваа вежба беше комплексна проверка на ракетните системи со среден дострел 9К317М „Бук-М3“. Беше проверена неговата способност да се бори против воздушни цели што се движат на различни висини во услови на силни радиоелектронски пречки генерирани од условниот непријател.

По завршувањето на воената вежба, комплетниот ПВО-состав што беше ангажиран на полигонот Капустин Јар се врати во својата база што се наоѓа на територијата на Северна Осетија. По тој повод техника беше натоварена на транспортен железнички состав и пренесена во постојаното место на базирање кое се наоѓа на 1000 километри оддалеченост од овој полигон.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња