Во Србија започна заедничката руско-српска летечко-тактичка воена вежба „БАРС-2021“, пренесува официјалниот сајт на руското Министерство за одбрана.
Министерство за одбрана на Русија
Во рамките на оваа вежба пилотите на војските на двете пријателски земји ќе реализираат симулација на воздушна битка во парови, вклучително и извршување на сите летечко-тактички елементи кои се негов составен дел, потоа реализација на напади врз цели со мала големина и брзина на ниски висини (авиони-ловци МиГ-29), десантирање на место на несреќа и евакуација на повредени лица, комплексни маневарски фигури при извршување на овие задачи, огнено дејство други сегменти на употреба со борбено-транспортни и десантно-јуришни хеликоптери Ми-8 и Ми-35М.
Во вежбата ќе земат учество мешовити екипажи на повеќенаменски авиони-ловци МиГ-29 и борбено-транспортни и десантно-јуришни хеликоптери Ми-8 и Ми-35М. Се проценува дека ќе бидат ангажирани вкупно десетина борбени летала на српското Воено воздухопловство и ПВО од воените аеродроми Батајница и Лаѓевци.
Министерство за одбрана на Русија
Со цел максимално запознавање со системот на работа во српските вооружени сили, руските екипажи поминаа подготвителен курс кога станува збор за запознавање со воздухопловната терминологија и стручните термини што ги користи Војската на Србија.
Летечко-тактичката воена вежба „БАРС-2021“ се реализира во согласност со плановите за ангажирање на руските вооружени сили во рамките на меѓународната воена соработка. Вежбата ќе трае до 16 октомври.