Малиот ракетен брод „Град Свијажск“ лансира ракета „Калибар“ на затворањето на воени вежби на Касписката флотила
Денис Абрамов/РИА "Новости"Како што соопштува прес-службата на Јужниот воен округ (ЈВО), ракетното гаѓање беше изведено од корветата „Град Свијажск“. Малите ракетни бродови „Углич“ и „Велики Устјуг“ овој пат одработија електронско лансирање на ракети „Калибар“. Контролата во текот на гаѓањето ја вршеше главниот брод на флотилата - ракетниот брод „Дагестан“, пишува „Росијскаја газета“.
Снимките од објективната контрола покажуваат дека лансирањето високопрецизното оружје се изведува додека бродот се движи. Целите, како што соопштува воениот ресор, беа успешно погодени.
За осигурување на безбедноста на морскиот полигон, беше затворена за цивилен бродски транспорт вкупна површина од над 1500 наутички милји.
„Анализата и процената на исполнетите школско-борбени задачи ќе бидат извршени од командата на Командата на касписката флотила врз основа на податоците од техничките средства за следење и контрола по враќањето на бродот во базата“, прецизира прес-службата на ЈВО.
На 7 октомври 2015 година, фрегатата „Дагестан“ и корветите „Град Свијажск“, „Углич“ и „Велики Устјуг“ истрелаа 26 ракети „Калибар-НК“ од водите на Каспиското море. Цел беа фабрики за производство на експлозивни направи, командни пунктови, магацини за муниција и гориво, како и бази за обука на терористи во сириските провинции Рака, Идлиб и Алепо. Сите објекти беа уништени. Притоа кружното отстапување на ракетите од целите на растојание од повеќе од 1500 км изнесуваше не повеќе од 3 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче