На вода и во воздух: Најдобрите кадри од здружените гаѓања на руската Касписка флотила и ПВО

Во Каспиското море се одржаа вежби во рамките на завршната проверка за 2020 година. Екипажите на ракетните бродови „Дагестанˮ и „Татарстанˮ, како и на малите ракетни бродови „Угличˮ и „Велики Устјугˮ, изведоа артилериски и ракетни гаѓања на воздушни и морски цели, дејствувајќи во состав на формација заедно со авијацијата на Јужниот воен округ.

Во вежбите учествуваа дежурните екипажи на ПВО на командните центри, бродската офанзивна група во состав на ракетните бродови „Дагестанˮ и „Татарстанˮ, како и оние во состав на малите ракетни бродови „Угличˮ и „Велики Устјугˮ.

Според сценариото на првата етапа на вежбите, во близината на границата на Русија од средствата на ПВО е откриена групна цел, класифицирана како авиони на симулираниот непријател. Улогата на симулираниот непријател ја исполнија ловци Су-27, јуришни авиони Су-25 и бомбардери Су-34 на Военото воздухопловство и ПВО на Јужниот воен округ, кои симулираа напад со крстосувачки ракети врз бродовите. Во вежбите исто така учествуваа дежурните екипажи на противвоздушната одбрана на командните центри, дивизион противвоздушни ракетни системи „Бук-М3“ на 58 армија и радиотехничките единици на Военото воздухопловство и ПВО на Јужниот воен округ.

Во текот на одбивањето на воздушниот напад наставните цели (светлечки авиобомби САБ-250) беа уништени од противвоздушен артилериски систем „Палаш“, артилериско орудие АК-630 и други средства на противвоздушна одбрана на бродовите.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња