„Калашников“ претстави сачмарка која можете да ја поврзете со својот ајфон

Kalashnikov media
Таа го запишува секој ваш потег со оружјето и го праќа директно до Тим Кук.

Концернот „Калашников“ неодамна ја претстави сачмарката M-155 „Ultima“ која може да се интегрира со Apple Watch. Новитетот беше претставен на изложбата на оружје во Москва кон крајот на септември 2021 година.

Гаџети

Модерната сачмарка има еден куп високотехнолошки уреди кои не очекувавте да ги видите во огнено оружје. На пример, има вграден компјутер со надворешен екран, Wi-Fi, Bluetooth, батерија и други електронски елементи.

И сето тоа е скриено во кундакот.

Главната карактеристика на пушката е видеото што го прави. Оружјето под цевката има вградена камера која ги проектира сите ваши потези директно на вашиот iPhone или Apple Watch. Камерата работи исто како и GoPro која спортистите ја ставаат на своите шлемови, т.е. ги прикажува сите дејства од перспектива на прво лице.

Камерата има и дисплеј на кундакот, каде што на корисникот му се прикажува сé што се случува непосредно пред оружјето. Вистина, ЛЦД дисплејот лошо ја рефлектира светлината, така што на сонце ништо не се гледа.

Па сепак, функцијата за снимање видео ќе му помогне на корисникот да научи да гаѓа, бидејќи кога ќе се врати дома, може да ги прегледа сите свои дејствија.

Компјутерот во кундакот има вграден тајмер кој го запишува бројот на истрели и погодоци, времето и брзината на стрелба и бројот на погодените цели. Според тоа, секој ваш потег ќе биде запишан и може да се анализира подоцна.

Покрај тоа, М-155 „Ultima“ има компас и GPS, така што ја покажува и локацијата на оружјето доколку некако го изгубите (се надеваме дека тоа сепак нема да ви се случи).

За префрлање на видеоснимките можете да користите Bluetooth или УСБ-порт од страна доколку се испразнила батеријата.

Заклучок на експертите

„Причината за толку неочекуваното дополнување на оружјето е едноставна. Целта е да се привлечат нови корисници во светот на оружјето со помош на необична „фенси“ играчка. Кога станува збор за реалните потреби, ваквите додатоци само би ја отежнале работата на стрелецот, но ако одите на ранч или во шума за да се „испукате“ колку што ви душа сака, тогаш тоа сигурно ќе биде добро решение“, вели Јуриј Синичкин, поранешен снајперист и инженер во корпорацијата Lobaev Arms.

Според него, оружјето е прилично скапо, така што професионален стрелец или ловец најверојатно ќе купи нешто друго.

„Пушката чини исто колку и „Бенели“, која е скапа затоа што е направена во Италија, затоа што е сигурна и ја користат американските специјални единици. И ’Ultima’ е скапа затоа што е „фенси“, истакнува експертот.

Карактеристики и цена на оружјето

Стандардната верзија на сачмарката М-155 во малопродажба чини околу 500 долари, а неодамна направената „Ultima“ во 2021 година ќе чини околу 2000 долари.

М-155 е добро познато оружје. Направено е пред неколку децении за лов и практично гаѓање. М-155 „Ultima“ е истото тоа оружје во ново руво кое ќе биде привлечно за клиентите.

Оружјето има мазна цевка и класичен калибар 12/76. Цевката му е долга 71 см, што му овозможува на стрелецот ефикасно да погоди цел на дистанца од 100 метри.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња